„…го земам за сведок Господарот на Истокот и Западот” (Ел-Ме-ариџ, 40); ..Тој е Создател и Господар на двата Истока и двата Запада”, (Ер-Рахман, 170). Ако Земјата не е она што е би бил само еден Исток и Запад.
Ајетот како да укажува дека постои место каде има два истока и два запада. Тоа би можела например да биде некоја планета која има два зајдисонца и два изгрејсонца. Ова го потврдува и исламскиот научник Абдулмелик Зиндани во своето видео „Едноштво на Создателот“ пред 10-на години кога сеуште не беше откриена таква планета. Денеска тоа е реалност и доказ за вистинитоста на Божјите зборови во Куранот.
Телескопот на НАСА ја откри паланетата која се врти околу две сонца, што претставува прво вакво откритие откако се истражува вселената. Оваа необична планета е наречена Кеплер-16б, оддалечена е од Земјата 200 светлосни години и многу налеикува на планетата од „Војна на ѕвездите“. Иако во минатото имаше многу нагаѓања за тоа дека би можело да постојат вакви планети, ова е прва потврда за тоа дека навистина е тоа можно, пишува Би-Би-Си. Кога на Каплер-16б се завршува денот може да се видат две заоѓања на сонцата, тврдат научниците. Додуша кажуваат и дека во тоа никој не ужива, бидејќи оваа планета е ненаселена, ладна и гасовита.
Проценетата температура на површината на замјата е помеѓу -73 и -101 степен по Целзиус. Планетата кружи околу своите две сонца 229 дена, така што поминува 104 милиони километри. Нејзините сонца се помали од нашето.
„Ова е навистина воодушевувачки, и не се надевавме на вакво нешто“, вели Алан Бос, еден од авторите на студијата.
Пред одредено време користејќи го вселенскиот телескоп Спицер на НАСА, група астрономи дошле до заклучок дека планетарните системи – дискови од астериоди, комети и можни планети – вообичаено ги има во изобилство во системите со ѕвезди-близначки, споредено со тие со само една ѕвезда, како што е нашиот систем. Бидејќи повеќе од половина од сите ѕвезди се двојни, т.е. бинарни, резултатите навестуваат дека Унивезумот е исполнет со планети кои имаат две ѕвезди.
Зајдисонцата на некои од овие светови може да личат на тие од планетата на Лук Скајвокер, Татуин, каде две зажарени топки потонуваат под хоризонтот, една по друга. Новите резултати ќе им помагнат на астробиолозите во понатамошното разбирање на потенцијалната респределба на планетите во Универзумот.
„Изгледа дека нема предрасуди за формирање на планетарни системи во бинарни системи“, вели Дејвид Трилинг (David Trilling) од Универзитетот во Аризона. „Може да има безброј планети со две или повеќе сонца.“ Порано астрономите знаеја дека планети може да се формираат во исклучително широки бинарни системи, во кои ѕвездите се 1 000 пати поодалечени од растојанието помеѓу Земјата и Сонцето, или на 1 000 астрономски единици. Од повеќе од 200 планети, откриени досега надвор од нашиот Сончев систем, околу 50 орбитираат околу еден член од широк ѕвезден пар.
Во најдеталната анализа од овој вид, тимот барал дискови во 69 бинарни системи, кои се оддалечени од Земјата помеѓу 50 и 200 светлински години. Сите ѕвезди се нешто помлади и помасивни отколу нашето средовечно Сонце. Податоците покажуваат дека 40% од системите имаат дискови околу нив, што е нешто повисоко од фреквенцијата во споредлив примерок на единечни ѕвезди. Ова значи дека планетарните системи се скоро поприсутни околу бинарни ѕвезди, отколку што се околу поединечни ѕвезди. Астрономите, исто така, биле шокирани кога виделе дека дисковите се дури и почести (околу 60%) околу збиените бинарни ѕвезди, набљудувани при анализата. Во ваквите системи, ѕвездите се на растојание помеѓу 0 и 3 астрономски единици. Спицер открил и дискови кои орбитираат околу двата члена на ѕвездениот пар, а не само околу еден од членовите. Ако многу блиските ѕвездени системи, како овие, имаат планети, ќе имаат и зајдисонца како на Татуин.
„Ние сме изненадени што откривме дека збиена група има повеќе дискови,“ вели Трилинг. „Ова значи дека формирањето на планети е поверојатно околу збиени бинарни ѕвезди, отколку околу поединечни ѕвезди. Но, ова исто може да значи и дека збиените бинарни ѕвезди имаат само повеќе прав околу себе. Идните набљудувања ќе дадат подобар одговор.“ Податоците од Спицер откриваат дека не сите бинарни системи се пријателски места за формирање на планети. Телескопот открил многу помалку дискови од прашина околу бинарни системи кои меѓусебно се оддалечени од 3 до 50 астрономски единици. Ова значи дека ѕвездите треба да бидат или многу блиску една до друга, или доволно оддалечени, за да се појават планети.„Бинарните системи порано беа многу игнорирани“, вели Трилинг. „Тие се многу отешки за проучување, но можеби се највообичаените места за формирање на планети во нашата галаксија.“
41:53 Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Кур’анот е вистина. А зар не е доволно тоа што Господарот твој за се е известен?
Во овој ајет Аллах џ.ш вели дека освен што ќе ни ги покаже чудата во вселенските пространства, тоа истото ќе го стори и во нас самите. Тие чуда секојдневно се откриваат и се сведок на она што го тврди Куранот уште пред 1400 г. (МИА) и Астрономско друштво Скопје
Comments