top of page
Writer's pictureinfoislam

Планините како столбови ?

Таканаречена контрадикција објаснета за планините кои се поставени за да ги спречат земјотресите. (Сура 21:31; 16:15; 31:10) Дали е тоа научно поткрепен факт или контрадикција?

Книгата насловена како „Земјата“ е темелната книга на многу универзитети низ целиот свет. Еден од двата автора е проф. Емеритус Френк Прес. Тој бил научен советник на поранешниот председател на САД, Џими Картер, и 12 години бил претседател на Националната Академија на Науките, во Вашингтон. Во неговата книга стои дека планините имаат подземни корени. Тие корени се длабоко вкопани во земјата, и со оглед на тоа планините имаат облик на клинец (види на сликите 7, 8 и 9).

Слика 7: Планините имаат длабоки корени под површината на земјата. (Земјата, Прес и Сивер, стр. 413).

(океан, талог, континентална кора, мохо, прекривка, хоризонталана а не скалеста разлика)

Слика 8: Шематска секција. Планините како клинци, имаат длабоки корени вградени во земјата. (Анатомија на Земјата, Каилеукс, стр 220).

(британскиот остров, Северна Германија, Алпите, Европа, Руската платформа, Кавказ).

Слика 9: Другата илустрација ни покажува дека планините имаат форма слична колци, поради длабоките корени. (Науката за земјата, Тарбук и Лутгенс, стр.158).

(Протегањето на планината, ерозија, поместување, нивото на морето, корените на планината, покривка,континентална кора).

Еве како во Куранот се опишани планините. Бог вели во Куранот:

„Нели Ние одредивме Земјата да биде постела, а планините столбови?“

(Куран, 78: 6 – 7)

Модерните научници докажале дека планините имаат длабоки корени под површината на Земјата (види слика 9) и дека тие корени можат да ја достигнат својата величина над површината на земјата за неколку пати.

И поради тоа, најсоодветниот збор за да се опишат планините, базирајќи се на овие информации, е зборот „клин“, бидејќи повеќето соодветно наместени клинови се наоѓаат под површината на земјата. Историјата на науката ни говори дека теоријата за планините била поставена дури во последните години од деветнаесеттиот век.

Планините исто така имаат важна улога во стабилизирањето на кората на Земјата. Тие го спречуваат тресењето на земјата. Бог ни рекол во Куранот:

„И по Земјата Ние кренавме планини без таа да ги тресе…“

(Куран, 16:15)

Исто така, модерната терија за тектонската обвивка држи до тоа дека планините функционираат како стабилизатори на Земјата. Оваа наука за улогата на планините како стабилизатори на Земјата што туку почнала да се разбира, во рамките на обвивката на кората и тоа во доцните шеесетти години на овој век.

            Дали можел некој во времето на животот на Пратеникот Мухамед, нека е Божјиот мир над него, да го знае вистинскиот облик на планините? Дали можел некој да си замисли дека таа цврста масивна планина, кој ја гледа пред себе, всушност се протега и има корени, длабоко во Земјата, како што изјавуваат научниците? Многу голем број на геолошки книги, кога пишуваат за планините, само го опишуваат делот кој се наоѓа над површината на Земјата. Ова е поради фактот, што повеќето книги не се пишувани од специјалисти по геологија. Сепак, модерната геологија ја има потврдено исправноста на куранските стихови.

0 views0 comments

コメント


bottom of page