top of page
Writer's pictureinfoislam

По претрпените порази иранските војници се враќаат во Иран

5732cb5cd72f7

Иранските војници кои претрпуваат тешки загуби во Сирија се враќаат во својата земја.

Според веста на Новинската агенција на иранските студенти (ИСНА) портпаролот на иранската Револуционерна гарда Хусејин Али Ризаји истакна дека војниците од составот на 25-та дивизија Кербела кои се испратени во Сирија го напуштиле регионот и се вратиле во Иран.

Ризаји напомена дека мртвите тела на 12 од војниците кои загинаа во судирите во месноста Хан Туман на југот на градот Алепо се наоѓаат во рацете на опозиционите групи и дека поради судирите во оваа област не може да се дојде до нивните мртви тела, додека 9 од 21-от ранет војник чие лекување продолжува се испратени во Иран.

По судирите до кои дојде во петокот во западните делови на областа Хан Туман помеѓу силите лојални на сирискиот режим и опозиционата армија Фетих (Ослободителна армија) целата оваа област премина во рацете на армијата Фетих.

За време на судирите режимските и иранските сили претрпеа тешки загуби.

Во соопштенијата кои што се објавуваат од страна на командата на иранската Револуционерна гарда се наведува дека во судирите загинале вкупно 15 ирански војници од кои двајца високи команданти, меѓутоа извори на сириската опозиција наведуваат дека биле убиени повеќе од 50 ирански војници и милициски сили.

Во меѓувреме иранските медиуми случајот го окарактеризираа како катастрофа.

Ирански функционери кои ги игнорираат нападите кои што и покрај прекинот на огнот ги реализира Асадовиот режим во Алепо застануваат во одбрана на тоа дека армијата Фетих (Ослободителната армија) составена од неколку опозициони групи во Сирија го прекршува прекинот на огнот во Алепо и дека затоа режимските сили и нивните сојузници претрпуваат тешки загуби.

0 views0 comments

Comments


bottom of page