Брате и сестро твојата должност е да кога ќе зајде Сонцето се ифтариш без разлика на силното руменило кое се гледа на хоризонтот. Во тоа се гледа праксата на следење на суннетот на твојот Пратеник алејхи селам и разлкикување од другите вери, христијани и евреи, бидејќи тие се одгодуваат до одредениот рок до појава на ѕвездите. Следење на патот на Пратеникот алејхи селам ги истакнуваат главните црти на нашата вера и поносот на упатството кое го поседуваме и за кое сакаме да се соберат луѓето. Ова ни го појанува и хадисот на Божјиот Пратеник алејхи селам:
„Луѓето ќе бидат на добро се додека брзаат со започнување на ифтарот“ (Бухарија, 4/173 и Муслим 1093)
Од ова се гледа дека се додека овој Уммет брза со ифтарот и неговото започнување и на патот на исправните претходници, нема да заталка со Аллахова дозвола, додека цврсто се придржува и додека го отфрла сето она што го менува тој пат.
Исто така се пренесува од Сехла ибн Саад р.а. се пренесува дека Пратеникот а.с. кажал:
„Мојот уммет ќе биде на мојот суннет се додека не чекаат ифтар со излегување на ѕвездите.“(Ибн Хибан, 891) Навистина во денешно време има назнаки дека шиите(рафидиите) започнале со одложување на ифтарот се до појава на ѕвездите. Аллах да не сочува од таквата заблуда.
Со брзање на ифтарот се разликуваме од оние во заблуда како што се пренесува во хадисот на Пратеникот а.с.: „Оваа вера ќе биде силна и јасна се додека луѓето брзаат со започнување на ифтарот, бидејќи Евреите и христијаните го одгодуваат ифтарот.“(Ебу Давуд, Ибн Хибан)
Од книгата: „Постот на Пратеникот, саллаху алејхи ве селем“ Селим ел Хилали
Comments