top of page
Writer's pictureinfoislam

Подарок за оние кои што сеуште полемизираат за Аллаховата вера без знаење


Сета благодарност му припаѓа на Аллах џ.ш., Еден Единствен. Нека е салават и селам на Неговиот Миленик , Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем.

Аллах, Возвишениот, кажал: „Прашајте ги учените ако вие незнаете.“(Ел енбија, 7)

„..Кажи: „Зарем се исти тие што знаат и тие што не знаат? Само тие што имаат ум примаат поука!“

И кажал: „Аллах ви наредува доверливите служби да им ги давате на тие што се достојни за нив, а кога на луѓето им судите – праведно да судите.(Ен Ниса 58)

И кажал:„ 168. О, луѓе, јадете од тоа што е на Земјата, што е дозволено и убаво. И не следете ги шејтановите стапки бидејќи тој ви е очигледен непријател!

169. Тој ве тера на грев и разврат, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете. (Ел Бекаре)

Абдуллах б. Амр ибнул Ас, , радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „навистина Аллах  нема да го земе знаењето од луѓете така што ќе го воздигне, туку ќе го земе така што ќе ги земе учените луѓе се додека не остане повеќе учењаци. Тогаш луѓето  за предводници ќе земат незнналици, кои ќе бидат прашани па ќе одговараат без знаење и ќе отидат во заблуда и ќе поведат други со себе.“ хадисот го забележал бухари и Муслим во двата сахиха.

Ебу Умејје ел Џуммехи, , радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Од предзнаците на Судниот ден е да знаењето се бара кај малите.( Таберани- Муџеммул кебира, хасен-добар)

Омер ибнул Хатаб , радијаллаху анху, кажал: „Навистина луѓето ќе бидат на хајр се додека знаењето ќе им доаѓа од големи.“ Истото се пренесува и од Абдуллах б. Месуд , радијаллаху анху.

Дел од исламските учењаци сметаат дека под малите кои се спомнати во хадисот се подразбира за оние кои ќе бидат прашани за шеријатско правните прашања а не поседуваат знаење, додека под големи се мисли на  учењаци, односно учени и тие не се разликуваат по години и по старост, туку по знаење. Доказ за тоа се Абдуллах б. Абас, Муаз б. Џебел, кои подучувале на знаење иако биле мали со години.

Имам Катаде ес Седуси рахимуллах, кажал: „Кој ќе говори пред време ќе биде посрамен пред време.“(„Ел џамиу ел ахлакиррави“)

Имам Шафија , радијаллаху анху, кажал: „Кој ќе почне да проучува пред време ќе го одмине многу знаење.“(Сифатул Сафве)

Аллах џелле шануху кажал: „Кажи: „Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!“(Ел Араф, 33)

Ибн Кајим рахимехуллах, кажал за овој ајет: „што се однесува за говор за Аллах без знаење, тоа е најжестока забрана и најголем грев кај Аллах, од таа причина е спомнат на четврто место, по прашање на забранети за што се обединети сите шеријати на Земјава.“ И кажал рахимехуллах, :„Од сите забрани нема попотврдена забрана ниту поголем грев од говор за Аллах без знаење. Тоа е основа на куфрот и ширкот и на тоа се изградени новотарии и заблуди.“

Аллах џелле шануху, кажал: И не зборувајте лаги со јазиците свои: „Ова е дозволено, а ова забрането, за така да изнесувате лаги за Аллах. Тие што за Аллах говорат лаги, нема да успеат, кратко ќе уживаат, и нив страшно страдање ќе ги чека.(Ен Нахл, 116,117)

Имам Шенкити , рахимехуллах, кажал: „исправните претходници(селефу салих) , Аллах да е задоволен со нив, би се тргале од зборовите „ова е халал“ и „ова е харам“, од страв поради овој ајет.“

Аллах џелле шануху кажал:„ На Судниот ден ќе ги видиш тие кои за Аллах лаги говореа, со поцрнети лица.“(Ез Зумер, 60)

Шејх Абдул керим ел Худејр , хафизехуллах, кажал: „ Под ова значање спаѓаат оние кои говорат за шеријатските прашања и говорат за Аллах без знаење.“ (“Šerhu durusul-muhimme li ammetil-umme” стр. 94.)

Аллах предупредува:

„Не зборувај го тоа што не го знаеш! И слухот, и видот, и разумот – за сето тоа навистина ќе се одговара.“(Ел Исра,36)

Шејх Абдурахман ес Сади, рахимехуллах, кажал за овој ајет:„ Не го следи она за што немаш знаење, туку зацврсни го и провери го тоа што го говориш и работиш.“

Ебу бекр ес Сидик , радијаллаху анху, кажал: „Кое небо ќе ме покрие и која земја ќе ме сокрие ако кажувам нешто за Аллаховата книга без знаење?“

Абдуллах б. Месуд , радијаллаху анху, кажал: „навистина е луд оној кој одговара на секоја фетва која ќе му се постави.“

Хузејфе ибнул јеман , радијаллаху анху, кажал: „Навистина фетви не издава освен еден од тројца луѓе:Оној кој ги познава дерогираните и дерогирачките ајети во Куранот, владетел кој нема друг излаз и оптеретена будала.“ Ибн Сирин познат учењак за себе вели: „Јас не сум ни еден од тие двајца, па не би ни сакал да бидам тој третиот(оптеретена будала).

Јахја Ибн селам рахимехуллах кажал: „Не е дозволено на оној кој не ги познава мислењата на исламските учењаци да говори: „ова мислење ми е помило.“

Саид  еби Урабе вели: „оној кој не ги познава разидувањата помеѓу исламските учењаци не го сметајте за учењак.“

Ибн Хазм ел Енделуси рахимехуллах вели:„ Нема поголема штета за знаењето и за неговите носители од оние кои се вовлекле помеѓу,а не се од нив. Тие се незналици , а се умислиле дека нешто знаат, прават неред , а мислат дека ја поправаат ситуацијата.“

Шејх Бекр ебу Зејд рахимехуллах, кажал: „Обврска е да се спречи секој губитник од негово делување поради општата корист на заедницата. Оној кој глуми дека е учењак и расипаниот учењак е обврска да се спречи да издава фетви поради верската корист. Оној кој глуми дека е доктор обврска е да се спречи да работи во здраство поради користа на населението. Оној кој глуми дека е инжињер треба да се спречи поради користа на градовите и државите.“(Ет талум, 7-8)

А Аллах џелле шануху најдобро знае.

Подготвил: Амир Смајиќ

0 views0 comments

Comments


bottom of page