top of page
Writer's pictureinfoislam

Подготовка за намаз

Возвишениот Аллах, субханеху ве теала, вели:

,,А ако сте џунуби(нечисти после однос), тогаш искапете се!“ (Ел-Маиде: 6) ,,И облеката своја исчисти ја.“ (Ел-Муддессир: 4) ,,Аллах навистина ги сака оние кои често се каат и ги сака оние кои многу се чистат.“ (Ел-Бекаре: 222)

Во таа смисла, Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол:

„Клучот на намазот е чистотијата.“ „Намазот нема да биде примен без (предходна) чистотија.“ „Чистотијата е дел од иманот(верувањето).“

Под чистотија се подразбираат два вида чистотија: внатрешна и надворешна. Внатрешната чистотија подразбира чистење на душата од гревови и непокорност. Се постигнува со искрено покајание за сите сторени гревови и дела од непокорност, односно, со чистење на срцето од сите негативни особини како што се: склоноста кон ширкот, сомнежот, зависта, омразата, злобноста, мамењето, вообразеноста, самодопадливоста, лицемерието, желбата за престиж и сл. Покрај тоа, чистотијата на срцето се постигнува со искреност, сигурно убедување, наклоност кон доброто, вистинољубивост, скромност и желба за сите свои намери и добри дела да се подредат во согласност со Аллаховото задоволство. Надворешната чистотија, пак, подразбира два вида чистотија: чистење од секаква нечистотија од материјална природа (тахаретул хабес). Оваа чистотија се остварува со перење на нечистотијата со чистечка вода од облеката на клањачот, телото и местото каде што се клања, и да се биде под абдест и гусул, а во случај да нема вода, да се биде под тејеммум (тахаретул хадес).

__________________

Вода и видови на вода

Има неколку видови на вода:

Чиста и исчистена – тоа е онаа вода која е сама по себе чиста и со која се постигнува чистотија, без разлика дали се работи за морска вода, дождовница, снег или изворска вода. Во овој вид спаѓа и онаа вода која е изменета поради друга состојба или поради тоа што се меша со нешто што е чисто, а не може да се одвои од водата, како што е лист или земја. Во таа смисла, Возвишениот, субханеху ве теала, вели:

,,…., а од небото Ние чиста вода спуштаме,…“ (Ел-Фуркан: 48)

Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Водата е чиста, освен ако се извалка со нешто нечисто, па ги смени мирисот, вкусот и бојата.“

Чиста но не и исчистена – оваа вода не може да се користи за чистење. Тоа е течност која не може да се нарече вода. Овде спаѓаат оцетот и други слични течности, како и водата која го сменила своето својство со нешто што не може да се оддели од неа (на пример сапун или шафран). Во врска со водата во која ќе падне нешто нечисто, таа престанува да биде чиста или да се користи за чистење ако измени едно од триве својства: боја, вкус и мирис. Су’р е вода која останува во садот после пиење. Човековата су’р , како и су’р од животно чие месо се јаде, чиста е и може да се користи за чистење. Свинската и кучешката су’р се нечисти. Во врска со мачкината су’р, на птицата грабливка и сл. со таква вода може да се абдести, но сепак е подобро да се употреби чиста вода ако се има.

Видови нечистотија

  1. Дамка од леш – овде спаѓа сé што ќе загине, освен риба и скакулец. Ако животно падне во вода и загине без да испушти крв, тоа нема да влијае на нејзината чистота, под услов водата да не изгуби некое од нејзините својства. Кожата на лешот станува чиста со штавење, бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: Секоја кожа е чиста ако се иштави.“

  2. Крв, сеедно дали се работи за крв која истекува или крв на хајзот(месечно перење) и нифасот(периодот после пораѓање). Крвта на вошката и на слични суштества не смета; 3. Гној, повраќаница, измет и урина; 4. Животински измет; 5. Кучето и свињата се нечисти. Садот од кој кучето нешто ќе изеде или испие треба да се измие седум пати и тоа првиот пат се мие со земја или јаки хемиски средства за миење; 6. Ведијј – вид на слузеста течност која понекогаш излегува после напорно мокрење (секрет на простатата); 7. Мезијј – слузеста течност која излегува при надразнување, кај мажите и жените, со тоа што кај жените излегува во поголеми количини. Во врска со спермата, ако е во течна состојба, тогаш мора да се измие, а ако се исуши, тогаш мора добро да се истрие.

Чистење по мала и голема нужда

Кога човекот врши голема или мала нужда, должен е да го исчисти местото од каде излегла нечистотијата. Најдобро е тоа да се стори со вода. Ако нема вода, тогаш нека земе камен или нешто слично со што ќе ја тргне нечистотијата. Но треба да се води сметка да не се потира со корисни нешта, како на пример платно од лен кое може да се употреби за нешто друго, хартија и сл., ниту со тоа што треба да се почитува како што е храната, бидејќи спречувањето на она што е корисно и уништување на она што е добро е забрането (харам). Додека се врши нужда треба да се внимава на следниве адаби – правила:

  1. Кога се влегува во тоалет, не смее да се носи со себе ништо што има на себе напишано некое Аллахово име или некој Курански ајет, бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем: „Носел прстен на кој било изгравирано Мухаммед, Аллахов Пратеник и го вадел при влегување во тоалет.“

  2. Да се изучи еузу(побара заштита од ѓаволот) и бисмилла(во име на Аллах) пред да се зачекори во тоалетот со левата нога или пред да ја соблече облеката, ако ја врши нуждата на отворено место, така што ќе каже: „Бисмиллахи, Аллахуме инни еузу бике минел хубси вел хабаси“ – Во името на Аллах, Аллаху заштити ме од шејтанот и сите нечистотии;

  3. Треба да се молчи додека се врши нужда и да не се зборува ништо, освен во случај кога мора нешто да се одговори;

  4. Да се почитува правецот на Киблата(правецот на Ќаба,Мекка) така што нема да се врти ни од напред ни од зади, туку ќе се сврти на онаа страна така што Киблата ќе му дојде од лева или десна страна, освен во случај кога е заклонет од Киблата со нешто во непосредна близина, како што е ѕид и сл., бидејќи Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селлем, рекол: „Не вртете се, при извршувањето на мала или голема нужда, со предната или задната страна кон Кибла!“;

5.Да не се врши нужда во животинско дувло, поради можноста во него да има некое животно или друго суштество кое може да му нанесе некое зло и кое ќе го вознемири без причина;

  1. Да не се врши нужда на патеки каде што поминуваат луѓето и каде што луѓето седат и разговараат;

  2. Без потреба да не се врши нужда стоејќи, затоа што тоа не му доликува на муслиманот и постои можност да дојде до прскање од урината на облеката;

  3. Да не се урина во местото каде се капе, ниту во стоена или течна вода, ниту на гроб, ниту во џамија – без разлика дали се врши во некаков сад;

  4. Во тоалетот да се влегува со лева нога, а од него да се излегува со десна нога, а излегувајќи треба да се каже: „Гуфранеке“ (Барам прошка од Тебе);

  5. Да не се чисти со засушен животински измет и коски, (затоа што тоа е храна на џинните муслимани).

Задолжително е бришењето или миењето да се извршат само со левата рака, а убаво е да се извршат непарен број пати, и тоа три пати, пет пати итн. По извршеното бришење или миење, рацете треба добро да се измијат со сапун.

Мухаммед Насируддин ел-Албани

0 views0 comments

תגובות


bottom of page