Во петрологијата (науката за карпите) се наведува дека водата може да поминува низ одредени видови карпи.
Иако гранитот е тврда карпа во која нема шуплини, сепак низ него водата поминува и тоа низ многу мали пори. Оваа важна специфичност овозможува врнежите да се собираат и резервоираат во земјата. Ако од Мудриот Аллах, не беа создадени порите, водата не би можела да продре до големите длабочини под површината на земјата. Во Благословениот Куран се споменати изворите на вода на Земјата како и истите тие извори во иднината:„Муминун 18.
Овој ајет потврдува дека извор на вода во Земјата, подземните води и врнежите, што е и научно докажано. А 22 цитат поглавје Хиџр:„ укажува на собирање на водата под површината на земјата. Претходно се сметало дека изворската вода се формира во внатрешноста на земјата или дека тука постоела отсекогаш, односно, немало ниту назначување за начинот на акумулирање на водата. Меѓутоа, возвишениот Куран не известува за овој факт и потврдува дека врнежите се акумулираат во земјата и се прочистуваат во слоевите на карпи и земја како би станала исправна за пиење, како што се наведува во ајетот „…за да имате што дса пиете.“ Да не е Аллаховата милост и да не поставил различни физички закони, водата не би се задржала во земјата и животот на неа би исчезнал. Денес, научниците потврдуваат дека извор на вода е самата земја, како што на тоа укажал Куранот Назијат 30-31
Постојат уште курански ајети кои говорат дека земјата е извор на водата на оваа планета и сите тие ајети се согласни со модерната наука, што воедно е и матријален доказ за вистинитоста на Аллаховата Книга. Земјата навистина е чудна. Иако се смета дека има многу шуплини – пори, сепак не и дозволува на водата да поминува низ неа поради нејзината специфичност која Аллах ја создал, а тоа е да е во можност да се меша со водата и да „вибрира“ по спуштањето на водата на неа. И да не е оваа специфичност, задржување на водата во неа и нејзино складирање во неа, растенијата не би можеле да растат на што всушност укажува Куранот во преведеното значење на ајетот (Хаџ, 5).
Нека е возвишен Оној кој во Својата Книга кажува за овие факти. Уште повеќе, Куранот говори за изворот на извори на Земјата: (Зумер, 21)Овој цитат потврдува дека врнежите се извор на вода на Земјата, а некои претходни народи сметале дека водата ја црпат од морето. Денес научниците трагаат по нови извори на вода за иднината и потврдуваат дека најдобрите извори се наоѓаат во високите брда каде се складира голема количина на вода. Навистина е вистинско чудо Аллахово тоа што Куранот говори за тоа пред толку векови: „…и на неа неподвижни…….(Мурселат,27)
Извор: Abdul-Daim Kuhejl, kaheel7.com
Comments