Навистина Мухаммед алејхи селам ја поставил базата на идните настани и случувања како астрономски и космички феномен. Кога луѓето помислија дека затемнувањето на Сонцето се случува поради смртта на неговиот син Ибрахим и кога секој шарлатан тој момент би го искористил за да се себе промовира, Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: Сонцето и месечината се два знака на Аллах , џелле шануху, и тие не се затемнуваат поради смрт или живот на ниеден човек.(Бухари и Муслим)
Овие зборови на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, дошле во оној момент кога луѓето веруваа дека тоа служи за да укаже на раѓање на голема личност или за нечива смрт, кога некоја власт ќе падне или кога ќе се изгубела некоја битка. Тоа било во време кога Европа била полна со свештеници, астролози, пророци и шарлатани и овие работи наголемо биле верувани. Во тоа време Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, тоа го забранил и кажал : „секој оној кој ќе отиде кај гатач и ќе му поверува во тоа што го вели, тој узневерувал во тоа му е спуштено на Мухаммед .“(Ахмед)
Во тоа време кога луѓето сметаа дека Земјата е стабилна и непокретна бројни ајети од Куранот укажуваат дека се во вселената се движи во специфична орбита и сето ова небило откриено до неодамна. (Сура Јасин 40)
Во тоа време кога Европа верувала во разни божества на ветерот, на дожд и на грмотевици, Куранот објаснил дека тоа се само феномени кои Аллах ги дал на луѓето за да се служат и за да имаат различни временски доба. (Сура Хиџр, 22; )
Уште повеќе ако сакате да знаете кој е механизмот на молњата кој останал непознат до пред некое време, тогаш прочитајте го хадисот на нашиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кој вели: Зарем не ја гледате молњата како удира и се враќа во едно трепкање на окото?(Муслим)
Зарем вашите дигитални камери не забележале слики на молња и зарем не сте виделе дека тој сноп на молња удрил и се вратил како што е забележано во чесниот хадис?
Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, бил првиот човек кој повикал на медицинско истражување кога ја поставил базата на модерната медицина кој гласи:Аллах не создал болест, а да не спуштил и лек за таа болест(Бухари). Исто така Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, го проколнал оној кој ќе се престави себе за доктор, а тој не е , и му навестил казна доколку поради негова нестручност некој настрада од таков човек. Зарем не е тоа она што денес науката на медицина најповеќе обрнува внимание, а тоа е специјализација, а не паушално познавање на работите?
Зарем не е денес медицинската наука таа која не губи надеж дека ќе најде лек за секоја болест? Па дури и за старост? Но смртта или староста е нешто што Пратеникот рекол дека нема лек. „Црниот кумин(Нигела сатива) е лек за секоја болест освен за смртта.“ Оваа изјава денес е една од најкористените и најприменетите кај некои западни фирми откако се дознале сите бенефиции на ова навистина благодетно растение.
Во куранот се спомнати и многу други вистини, кои се бројат со стотици и стотици докази , но тие нема да му користат освен на оној кој ќе ги истражи и ќе поверува во нив, не поради тоа што неможе да си најде некаков си одговор, туку бидејќи во суштина човек треба да си постави следно прашање, или си од оние кои веруваат и сакат да веруваат(оптимист) или си од оние кои неверуваат и несакаат да веруваат и одбиваат(песимист). Целата суштина е во тоа и набројувајќи ги сите овие работи од Куранот или хадисот нема да помогне доколку човек биде од оние кои одбиваат да слушнат. Тие ќе останат и глуви и неми и слепи пред доказите кои се многубројни и фасцинантни, но би ги замолил тие што патат од глувост да не ги критикуваат прекрасните звуци и би ги замолил оние кои што паатат од слепило да не ги напаѓаат преубавите слики, и би ги замолил тие кои што го изгубиле сетилото за мирис и вкус да не ги одбиваат ароматичните мириси и вкусната храна.
Како што сликата за Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, ќе остане светла, убава и прекрасна, без разлика колку скептиците, критичарите, негаторите се обидувале да изменат таа слика и да го навредат нашиот сакан Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, тој ќе остане нешто најубаво и најсветло во говор и пишан збор. Уште повеќе светлото на Куранот, светлото пратено од Аллах ќе остане светло без разлика колку некој се обидувал да го изгаси , таквиот нема да успее.
32. Тие сакаат со устите свои да го згаснат Аллаховото светло, а Аллах сака да го направи видливо светлото Свое, дури и да не им е по волја на неверниците.
33. Тој го прати Пратеникот Свој со упатството и вистинската вера, за да ја издигне над сите вери, дури и да не им е по волја на многубошците.(Ет Тевба)
Нема потреба да спомнуваме со која љубов Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, зборува за Исус а.с., за Марија , р.а., замислете неговата мајка Амина воопшто ненашла ниедно место во Куранот, ниту неговите сопруги биле воздигнати како штое воздигнато името на Марија(Мерјем) р.а. . Како арап да избере жена од децата Израилови да биде најизбраната жена во светот, како тоа да биде најизбрана на сите времиња?!
Ниедна протестантска, ниедна православна, ниту католичка света книга од 73(66) познати не носи име на Марија и на нејзиниот син Исус( нека е Божји мир врз нив). Во нив ќе најдеме секакви имиња, но името Марија нема да го најдеме. Како тогаш Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, ако бил автор на куранот го ставил името Марија во едно од поглавјата, а не го ставил името на неговата сопруга Хатиџа или на мајка му Амина?! Одговорот е во следново, бидејќи тој бил Пратеник и немал избор. Бидејќи и во Јованово 16:13-14 стои:
„И кога ќе дојде духот на Вистината, тој ќе ве упати кон вистината. Тој нема да говори ништо од себе туку се што ќе чуе тој ќе го говори и ќе објасни што ќе се случува. Тој мене ќе ме слави.“
А во Куранот се дообјаснува и потврдува:
3. Тој не зборува по своја волја.
4. Тоа е само Објавата која што му се доставува. (Ен Неџм)
Пример за вистинитоста на неговото Пратеништво е и чинот на отпуштање на неговата стража како што ни кажува хадисот во кој се наведува дека една ноќ Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, ги имал како стражари Хузејфе и Саад, за да потоа му било објавено дека Аллах ќе го чува и дека не му е потребно да го чува стража иако имал илјадници непријатели кои сакале да му наштетат, тој Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, се ослонил на Аллах и ја отпуштил стражата.
Еден од најголемите предизвикувачи на вистинитоста на исламот на времето , Гери Милер во 1977 година имал дебата со познатиот Исламски проповедник Ахмед Дидат. Неговата логика била навистина да дојде до вистината без предрасуди. Многумина посакуваа тој да го прифати исламот. Замислете подоцна тој човек го прифаќа исламот и целиот свој живот го посветува во повик во ислам, со уште поголема посветеност, жестина и убеденост. Недозволувајте предрасудите да ви застанат на патот на вистината. Недозволувајте да вашето лоше мислење пласирано од медиумите, муслиманите кои не го познаваат исламот, личниот лош пример изграден од поединци или групи да ви застанат на патот помеѓу вас и рајот. Овој живот е една единствена шанса за спас и една единствена шанса да ја дознаете вистината. Само бидете искрени и посветени во тоа и немојте да малаксувате во потрагата по знаење и по повеќе факти кои ве интересираат за да го знаете и најмалиот детал.
Мухаммед ја примил пораката пред 1400 години и таа порака била за целото човештво за да се следи вистинскиот пат, без разлика каде си или кој е, без разлика бил црн, жолт или бел, маж или жена. За сите важел ист повик. Неговата порака до човештвото е последна од сите Пратеници и трајна се до Судниот ден. Потврдата за неговото Пратеништво ќе биде и во рацете на Иса(Исус) а.с. кој ќе се појави пред самиот крај на светот за да ја потврди оваа Куранска порака и неговото , саллаллаху алејхи ве селем, пратеништво.
Дали Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, бил терорист како што прикажуваат медиумите или храбар воин кој ги добил повеќето битки за да денеска Исламот биде застапен на сите континенти, или бил гение кој знаел да воспостави ред во сите арапски племиња?
Тоа што засигурно никој неможе да го негира е дека:
Тој бил заштитник на човековите права, ги штител правата на соседите, тој воспоставил врски помеѓу муслиманите и немуслиманите со взаемна почит и разбирање и меѓусебен договор и обврски, ги зацврстил врските во семејството покажувајќи посебна важност кон родителите, ја спречил неправдата, корупцијата и банкарското каматашко работење. Ја спречил коцката, виното и секое опојно средство. Вовел хигиена и здраствен систем во цивилизациските норми и го забранил лажењето, крадењето, убиствата и неправедното убивање на деца поради сиромаштија.
Поради тоа еден муслиман несмее да краде, да лаже, да пие алкохол, да прави блуд и прељуба, еден муслиман несмее да мами, да убива невини, да предизвикува штета на својот сосед, без разллика на вера или нација.
Еден муслиман несмее да биде непослушен кон родителите, да ги малтретира луѓето или животните. Еден муслиман ја сака својата сопруга, своите деца и покажува милост кон нив се до крајот на својот живот и не е неправеден и со поделбата на својот имот и после неговата смрт. Сите деца ги гледа подеднакво и праведно и не прекинува да биде со своите деца дури и кога се возрасни. Секој муслиман го сака Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, повеќе од себе и се што постои на овој свет и единствено Аллах , џелле шануху, е пред Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, бидејќи Тој Севишниот е пред сите работи.
Значи пред да пресудите за Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, :
Слушнете го тоа што го кажал, запознајте го неговото учење и обидете се да го следите. Споредете го со учењето на другите и дали тој ги применува тие учења.
После сите проверки одговорот ќе дојде, но бидете искрени и барајте го од се срце.
Аллах да ги упати сите луѓе кои ја бараат вистината и нека светлото на верата во Севишниот им биде нешто најбитно кое ќе ги води.
Kommentarer