top of page
Writer's pictureinfoislam

Пораката која ја праќаат земјотресите

Често се вели дека земјотресите се Аллахова казна поради човечките нереди и опомена на другите. Кога би погледнале каде се тие огнени прстени и несреќи ќе увидиме дека посебно погодените подрачја се места кои биле неморални туристички дестинации , ….Тоа го видовме во цунамито 2004 во кое голем број на жртви беа туристи. Но Земјотресите и нивната честота се и најава на Судниот ден и најголемиот потрес кој треба да дојде како што е и во сурата Зилзал:

Во името на Аллах, Семилосниот, Милостивиот,

1. Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе,2. и кога Земјата тежините свои ќе ги исфрли,3. и кога човекот ќе извика: „Што ѝ е?!“ –4. тој Ден, таа, вестите свои ќе ги кажува,5. бидејќи Господарот твој ќе ѝ нареди.6. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делатанивни да им се покажат;7. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го види,8. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го види!  (99 сура, 1-8)

Арапскиот збор ”зилзал” значи земјотрес, или потрес. Горните ајети се цитирани од сурата ”Аз -Зилзал”. Општо прифатено и исправно мислење е дека оваа сура зборува за земјотресот кој ќе се случи во часот за Крајот на светот, но ние ќе прокоментираме во една по широка смисла и ќе се обидеме да ја поврземе со земјотресите воопштено.

Кога Земјата со својот најжесток потрес ќе се потресе и кога Земјата ќе ги исфрли своите тежини, човекот ќе извика: “Што и е?!” – тој Ден таа вестите свои ќе ги кажува. (99:1-4) Во 4 ајет кажано е дека после потресот луѓето ќе дознаат одредени вести. Страшна катастрофа, како потрес, нас не асоцира не деструкција, губење на животи, материјални штети, повреди, голем страв и паника. Затоа, на прв поглед, може да делува како интересна најава за луѓето, после потресот, би требале да дојдат до одредени сознанија. И навистина, многу луѓе после читањето на овие ајети се запрашале: ”Која е пораката на овие ајети?” Поврзување на потресите и одредените сознанија било несфатливо за луѓето се до последниот век. Меѓутоа, денес знеме дека до многу сознанија за Земјините длабочини сме дошле всушност благодарение на потресите. Дури и најкраткиот полупречник со кои би стигнале до центарот на Земјата изнесува преку 6000 км. Невозможно е да поминеме ваков пат и да ги совладаме високите температури како би стигнале до јадрото на Земјата. Потресите нас значи не подучуваат за Земјините длабочини до кои не можеме да допреме. Со потресот за Крајот на Светот, луѓето сигурно ќе бидат запознаени и со вестите освен за овие за кои зборуваме. Не сакаме, значи, да тврдиме дека ајетите предупредуваат само на сознанијата до кои денес сме дошле. Ваков наш пристап преставува само обид дека, покрај тоа основно значење, ајети да се сфатат и во малку широк контекст.) Земјини тежини Интересен е и 2-от ајет од сурата Аз-Зилзал, во кој се зборува за тоа дека Земјата ќе ги исфрли своите тежини. Со години луѓето не успеале да разберат што се тоа тежини. Општо прифатено мислење е дека се алудира на оживување на умрени или излегување на површина на скриени подземни богаства. Геолошките истражувања последните векови дошле до сознание дека во центарот на Земјата се наоѓаат густи и тешки метали. Со стопените метали, внатрешноста на Земјата е многу тешка и густа од површинскиот слој. Затоа, со потресот, во кој подземните материи се исфрлени на површината, навистина се доаѓа до тоа дека ”Земјата ги исфрла своите тежини. Ни еден човек од периодот во кој живеел Пратеникот с.а.в.с. не можел да знае дека внатрешноста на Земјата е составена од густи и тешки материи и дека со потресот, тие се исфрлаат на површина. Во еден поширок контекст ќе си дозволиме себе да претпоставиме дека, покрај основните значења на овие ајети можеби алудира и на некои од фактите кои горе ги спомнавме. Што подобро го познаваме и разбираме Куранот и вселената, толку повеќе ја цениме и почитуваме убавината на Аллаховите созанија и совршенството на Неговата вера. Кажи: “Зар се исти оние кои знаат и оние кои не знаат? Само оние кои памет имаат поука примаат!” (39:9)

Земјотрес како физичка појава

Постојат повеќе видови на земјотреси, меѓу кои најчести (90% од случаевите) се т.н. тектонски потреси, коишто воедно се и најсилни и најразрушувачки. Наречени се тектонски бидејќи настануваат при движењето и допирот на тектонските плочи. Постојат уште и вулкански земјотреси (7% од случаевите), коишто се послаби и настануваат при ерупција на вулкан, и земјотреси коишто настануваат при пропаѓање на земјиштето, т.н. одронски земјотреси (3% од случаевите).

Земјотресот со случува во внатрешноста на Земјата и тоа место се нарекува жариште. Точката во внатрешноста на Земјата кадешто настанува земјотресот се нарекува хипоцентар, а местото на површината на Земјата каде тој најсилно се чувствува е епицентар. Од епицентарот, трусните бранови продолжуваат да се движат во концентрични кругови, но со послаб интензитет. Според длабочината, хипоцентарот може да биде плиток (до 70 km длабочина), среден (од 70-300 km длабочина) и длабок (300-730 km длабочина).

Земјотресот се шири во бранови. Според брзината на ширење, се делат на лонгитудни или примарни и трансверзални или секундарни слики. Правецот на ширење на брановите може да биде вертикален или хоризонтален. Земјотресите се важен фактор во формирањето на релјефот на Земјата, но може да нанесат и катастрофални последици од материјална штета или човечки жртви.

Предели кои се најподложни на земјотреси се вулканските огнени прстени и областите околу младите верижни планини. Во Македонија најтрусно подрачје е Вардарската долина. Според статистиката, 8% од сите земјотреси во Европа се случуваат на територијата на Република Македонија.

Поврзаноста на човечките гревови и земјотресите

Еден од нај впечатливите ајети кој што зборува за земјотресите се наоѓа во сура Ен – Нахл а тој е 26 ајет во кој Аллах џ.ш. вели:

И тие пред нив смислуваа интриги, па Аллах одтемел нивните згради ги сруши, и покривот наднив се сруши – казната ги стигна од каде штоне очекуваа!(Куран; Нахл, 26)

Навистина има многу ајети кои говорат за казнување на непослушните Аллахови робови.

Казната доаѓа како одговор на сплетките на интригантите, а верникот мора да земе поука од овие космички појави кои што мора да ги постави во правилните рамки,така што ќе ги посматра како :

-казна за непослушните,

-искушение за послушните, и

-поука за спасените.

Општо гледано,сите космички појави како земјотресите, вулканите и ураганите се дел од Аллаховата потчинета војска како казна за непослушните, искушение за послушните и опомена за спасените.Таквите појави не можеме “механички “ да ги поимаме на начин да ние можеме со нив да завладееме или да ги одвоиме од тоа дека тие се дел од Аллаховата војска.

Меѓутоа, постојат и оние кои што велат дека жртви на земјотресите и другите катастрофи се,исто така, муслиманите и недолжните створениа..Па зошто и тие да бидат казнети?

Често пати ние луѓето го поставуваме ова прашање.

Суштината е во тоа што еден од темелите на Исламот е верувањето во Аллаховото планирање и одредба. Доколку на муслиманот го задеси некаква несреќа, а неговата врска со Аллах џ.ш. е јака – од таквиот се очекува да биде задоволен со Аллаховата одредба и тие настани да ги прифати како корисни и добри за него. Тоа е така поради фактот што човекот е слабичок и сиромашен Божји роб кој не ја знае Божанската мудрост на она што се случува.

Катастрофите кои што ги погодуваат краевите населени со сиромашни и обесправени луѓе не укажува на тоа дека сите тие се грешници, иако меѓу нив нужно мора да постојат и такви.Оние кои во таквите искушениа ќе погинат,ќе бидат повредени или оштетени, тоа искушение може да им биде чистење на нив самите од гревовите и подигнување на степенот кај Аллах џ.ш. И во тоа може да има големо добро за нив кое го знае само Аллах џ.ш..,бидејќи ние да го знаеме непознатото ( гајб ) самите за себе би ја бирале реалноста.

 Потоа, Аллах џ.ш. ги остава грешниците со години да прават гревови,а потоа ги стигнува Неговата казна. Вакви примери имаме многу во Куранот.Аллаховата казна може да дојде и во форма на заедничка казна која ги зема и недолжните животи, но никој не знае точно да одреди каква Божја мудрост се крие во сето тоа. Можно е дека Аллах џ.ш. сакал да им прости на овие недолжни муслимани и ги зел кај Себе заедно со грешниците низ овие природни катастрофи и да ги проживее во друштвото со оние на кои гревовите им се простени и кои се посебно почестени…

 Можеби Аллах џ.ш., токму ова значење сакал да ни го пренесе во Куранот за човекот потполно да се увери дека една од човечките грешки е и таа за случките да суди врз основа на она што тој го знае, а се работи за многу ограничено знаење. Кога човекот би можел да ја долови величината на Аллаховото знаење, онака како за него се зборува во ајетите од Куранот, потполно би сватил дека судбината се одвива во корист на човекот, и покрај тоа што нештата нам ни се чинат спротивни на тоа.

Поради тоа на човекот не му е дозволено да и се спротиставува на Аллаховата одредба и негова должност е да биде задоволен со таа одредба.Тоа е исправен став на верникот.

Кој можел да претпостави во Куранското кажување за Муса (Мојсиј) а.с. и Хидр во спомнатото суре ( Ел – Кехф ), дека бушењето на чамецот во морето е добро за сопствениците на тој чамец?!!

Или дека убиството на детето е добро за неговите родители?!!

Или изградбата на зидот во селото кое што одбило да го нагости Муса а.с. и неговиот сопатник всушност било големо добро дело?!!

Во овие кажувања навистина има поуки за обдарените со разум.

Поради тоа луѓето треба да се подготват за земјотресите, но и за конечниот потрес во кој сите ние ќе заборавиме на тековните проблеми и настани, во потресот кој ќе биде тежок за човештвото, кога ќе биде доцна за оние што биле неправедни, арогантни и горделиви. Кога оние што сметале дека можат да се спротиставуваат на Бог, ќе посакаат да се спасат..но ќе биде доцна, бидејќи казната на Аллах и настанот ќе се случи:

О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот на светот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување! На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховта казна ќе биде жестока! (Куран; Ел Хаџ, 1-2)

0 views0 comments

Comments


bottom of page