top of page
Writer's pictureinfoislam

Пораката на Исламот

Бидејќи целосната покорност на човечката волја кон Бога ја претставува суштината на обожувањето, основната порака на Божествената религија, исламот, е обожување единствено на Бог и одбегнување на обожување на некоја личност, местО или нешто друго освен Бог.

Додека се друго освен Бог, Создателот на сите дела, се Божји созданија ; би можело да се наведе дека исламот, всушност, го повикува човекот да го одбегне обожувањето на созданијата и го поканува да Го обожува единствено Создателот.

Тој е Едниот заслужен за човечко обожување, и само со Негова волја молитвите се исполнуваат.

Ако човек му се моли на дрвото, и ако неговите молитви се исполнат, не е дрвото тоа што одговорило на неговите молитви, туку Бог, Којшто дозволил молбите да бидат реализирани. Некој може да спомне : „Тоа е очигледно“ но сепак, на дрво – следбениците не би им било многу очигледно. Слично на тоа, молитвите кон Исус, Буда, Кришна, кон Св. Павле или кон Св. Јован, па дури и кон Мухамед, не се исполнуваат од нив туку од Бог.

Според ова, Исус не им проповедал на своите следбеници да го обожуваат него, туку Бог. Како што се вели во Куранот :

„А кога Аллах ќе рече: „ О Иса, сине Мерјемин, ти ли им говореше на луѓето: „Прифатете ме мене и мајката моја како два бога покрај Аллах!” – тој ќе рече: „Славен да си Ти! Мене не ми личи да говорам она што немам право“ Маида ( Софра ) 116

Кога Исус, нека е божјиот мир над него, обожуваше, не се обожуваше себеси, туку Го обожуваше Бог. Овој основен принцип е застапен во првото поглавје во Куранот, познато како Фатиха, стих 5 :

„Ние само тебе те обожуваме и ние само од Тебе помош бараме“

На друго место, во последната книга на откровението – Куранот, Бог вели : „Господарот ваш вели : Повикувајте Ме, ќе ви одговорам“ Гафир 60

Треба да се истакне важната порака на исламот дека Бог и Неговото создание се јасно различни ентитети. Ниту е Бог создание или дел од тоа, ниту пак Неговото создание е Тој или пак дел од Него. Ова би можело да изгледа очигледно, но човечкото обожување на созданијата на местото на Создателот, во голем дел се базира врз непознавањето на овој концепт.

Постои верување дека Битието на Бог е насекаде во Неговото создавање, или пак дека Неговото Божествено Битие е, или пак било присутно во некои форми на Неговите созданија, оправдувајќи ги на овој начин обожувањето на созданието, така што ова обожување може да се нарече „ Обожување на Бог преку Неговите созданија“. Како и да е, пораката на Исламот, како што е донесена од Божјите Пратеници, е да се обожува единствено Бог и да се одбегнува обожувањето на неговите созданија на директен или индиректен начин. Во Куранот Бог јасно наведува :

„И Ние, за секој народ, секако, испративме Пратеник : , Обожувајте го Аллах и избегнувајте ги лажните богови“ Нахл (Пчела ) 36

Кога на идолопоклониците им се поставува прашањето зошто му се поклонуваат на идолот создаден од човек, одговорот е секогаш непроменлив : Тие всушност, не ја обожуваат самата камена статуа, туку Бог, Којшто е присутен во неа.

Тие тврдат дека камените идоли се само фокусна точка на Божјото Битие и дека самото тоа не е Бог! Тој што го прифатил концептот на постоењето на Битието на Бог во Неговото создание, на кој било начин, ќе биде обврзан да го признае овој аргумент за идолопоклонство. Така, оној кој ја разбира основната порака на Исламот и неговите импликации, никогаш не би се впуштил во идолатрија, без разлика на тоа како таа ќе се рационализира. Тие, кои низ вековите го прокламираат божеството за самите себеси, чести ги базирале своите тврдења на погрешното верување дека Бог е присутен во човекот. Тие просто се бранат со тоа дека иако Бог, според нивните неточни верувања, е во сита нас, тој е повеќе присутен во нив отколку во нас другите.

Оттаму тие сметаат дека ние би требале да им се покоруваме ним и да ги обожуваме нив, како да се тие Бог во личноста, или пак Бог концентриран во самата личност. Слично на ова, оние што го бранеле оваа духовно – Божјо братство, имаат пронајдено плодна почва меѓу оние кои го прифаќаат неточното верување во Божјото присуство во човекот.

Тој што ја создал основната порака на исламот и неговите импликации, никогаш не би се согласил да обожава човечко суштество под какви било околности. Божјата религија, всушност, е јасен повик на обожување на создателот и одбегнување на актот на обожување на созданија во ваква била форма. Во ова се состои и значењето на мотото на Исламот : „Ла илахе иллал-лах“ Нема друго божество заслужно за обожување освен Аллах!

Искажување на овој збор ја донесува индивидуата во закрилата на Исламот, а искреното верување во него му го гарантира рајот. Затоа, се пренесува дека последниот Пратеник на Исламот рекол :

„Секој кој ќе рече : Нема друго божество заслужно за обожување освен Аллах и умира придржувајќи му се на оваа верување, ќе влезе во рајот“ (Пренесено од Ебу Дер во колекцијата на веродостојни хадиси од Бухари и Муслим)

Ова се согласува со потчинетоста на Аллах како на Еден Бог, со послушноста кон Него, со покорување на Неговите заповеди и со одбивањето на политеизмот и политеистите.

0 views0 comments

تعليقات


bottom of page