Често причина на западните предрасуди кон исламот е производ на неразбирањето на исламскиот поглед на животот. Затоа е потребно да се потсети на посебностите на исламската цивилизација која ја одделуваат и истакнуваат над сите останати, и тоа во склоп на говорот за заборавениот муслимански допринос во науката:
Исламската цивилизација е заснована на монотеизам – тевхид
Исламската цивилизација е заснована на чист монотеизам, и е прва глобална цивилизација која го прокламира едноштвото на Бог кој нема придружник во Своето управување. Тој е Единствен кој се обожува и на Кого се обраќа: „Само Тебе те обожуваме и само од Тебе помош бараме“. Тој е Оној Кој издигнува и покорува, Кој дава и пружа, и нема ништо на набесата ниту на Земјата, а да не му е подредено Нему и да не му е Нему достапно. Ваквото длабоко поимање на монотеизмот имало големо влијание на изградбата на човекот и ослободување на народите од неправдата на владетелите, благородниците, и влијателните луѓе и свештенството. Тоа, исто така, имало влијание на исправувањето на односите помеѓу власта и народот, и на насочување на луѓето кон единствениот Бог кој создал се, Господарот на сите светови.
Овие убедувања оставиле длабока трага на исламската цивилизација, и по нив таа се одликува над сите предходни и наредни цивилизации затоа што во своето учење не содржи било каков вид на политеизам (ширк), неговите обичаи, владеење, уметност и книжевност. Ова е тајната зошто исламската култура го свртела грбот на преводот на „Илјадата“ и на грчката идолопоклонска поезија и зошто исламската култура не придава внимание на скулптурството и сликарството. Спротивно на тоа, таа обрнува внимание на уметноста на резбарењето и украсувањето на зградите. Оваа специфичност (верувањето во еден и единствен Бог) ги обележила сите темели и системи на исламската цивилизација, како што се специфичноста на нејзината мисија, законодавството, општите цели, општото човечко постоење, животните сретства и начинот на размислување.
Comments