top of page
Writer's pictureinfoislam

Поставување планови на правилен начин

Кога се поставуваат планови и цели секогаш треба да бидат поставени на правилен и соодветен начин. Тоа воедно се нарекува и паметно планирање. Колку и да е напорен тој пат, а понекогаш и сложен, секогаш ќе те води кон исполнување на целите.

Колку си подобар во следење на твојот прогрес и твојот развој, толку поголеми шанси ќе имаш за успех во целите кои си ги поставил.

Пресметај го до детали секој свој час, секој ден, секоја недала и скеој месец, потрошеното време за развој, а и потрошените пари, за да изградиш соодветно портфолио. Ти си највредната инвестиција на самиот себе си. Твојата вредност е непроценлива, бидејќи си свестен дека имаш безброј можности. Твоите патишта се многубројни, но и твоите излези од тешки ситуации. Твоите пријателства се вредни бидејќи планираш со секој од своите пријатели соодветно време и место. Таму дознаваш за своите следни потези, таму позајмуваш идеи за да растеш. Одиш кај различни луѓе и се среќаваш со различни типови мислејќи дека ќе произлезе од тоа нешто. На крај нема резултат.

Грешките се кај тебе. Поставни се работите како не треба, планираш средби со погрешни луѓе и не ги правиш вистинските работи во вистинско време. Ако немаш некој сертификат а си можел да го добиеш во меѓувреме тоа е лошото планирање. Ако немаш доволно пари за трошење овој месец тоа е поради погрешно планирање. Ако ти се случи некој непредвидлив трошок а немаш во сметка, повторно е до планирањето бидејќи не си одвоил. Таке е и секој месец во годината кога забораваш да испланираш трошоци зa храна, трошоци за купување облека или прибор за децата, но не заборавај и на непредвидливите трошоци. Сето тоа е бидејќи не сме ефективни и ефикасни менаџери на нашето време и кога ќе изгубиш некаде многу е тешко да го повратиш изгубеното.

Photo by Musa Ortau00e7 on Pexels.com

Сето она што си го вложил, сето драгоцено време било залудно, но твое не е да очајуваш. Треба повторно да собереш сили и тргнеш напред.

Времето, без оглед на се, те гази и не чека на твоето тагување и жалење. Мора да тргнеш напред. Како што мора да напишеш есеј коj толку долго си го пишувал и си заборавил да го снимиш а тој се избришал и сето тоа што било на него. Пропаднале 30 страници труд. Но тие страници ти ги имаш во себе и уште полесно ги поминуваш и со погoлемо разбирање утре кога ќе посакаш повторно dа го напишеш. Доколку чекаш ќе го изгубиш и знаењето и сеќавањето. Започни веднаш и не размислувај.

Некогаш тие грешки се поради нашите лоши навики да одлагаме или да прескокнеме нешто од планираното. Тогаш пред себе ќе гледаме сценарио како кула од карти се рушат сите наши желби и соништа. Каде повеќе не сме ни статус кво, туку сме во длабоко потонување на сите наши убави идеи. Немаме веќе ни со што да се пофалиме, тоа е од причина што сме станале неактивни за секаков вид на прогрес.

Наместо како топка која се тапка и се враќа повиско ние остануваме доле како издишан баскет во кој нема сила ни да отскокне.

Направи микроплан за промените на микро ниво и направи свој макро план за промените на макро ниво.

Направи се за да се ослободиш од стисокот на твоите лоши навики и лошо планирање, и ослободи се за нови авантури и сопствен развој.

0 views0 comments

Comments


bottom of page