Прашање:
Јас сум млада христијанка и читам за исламот веќе неколку месеци. Сум го читала преводот на Куранот и неколку други книги за исламот преку интернет и слично. Постојат некои работи што сеуште ме бунат и ми внесуваат сомнеж и имам тешкотии со прифаќање на некои правила поврзани со исламот. Сепак верувам во Бог и дека Мухаммед е Негов пратеник и дека Куранот е Објава од Бог.
Ова за мене е голема одлука што сакам да ја направам и чувствувам огромна одговорност поради тоа и ми делува како застрашувачко искуство. Незнам ни јас самата дали би можела да живеам како муслиманка ако конвертирам во ислам. Но веќе некои работи променив во мојот живот, не пијам алкохол, избегнувам свинско месо, се обидувам да носам долги ракави и долги и широки панталони или сукњи и сл. Но знам дека, ете на пример, не би можела веднаш да носам хиџаб, барем не во овој момент.
Јас исто така студирам во странство (САД) а потекнувам од Европа и си одам дома за време на божиќ. Исто так,а не би можела веднаш да го известам моето семејство за моето конвертирање, би имала проблем со моите петдневни молитви и тешко дека ќе можам да избегнам свинско месо кога сум дома. Тоа по мое би било погрешно конвертирање а знаејќи дека постојат сеуште нејасни прашања за мене би било прерано да го прифатам исламот. Ве молам за упаство и совет.
Одговор:
Славен нека е Аллах!
Тоа што го имате постигнато во вашето трагање по Вистината навистина е нешто големо. Сеуште останува најважниот чекор а тоа е да се изговори сведоштвото (шехадетот) од ваша страна и да станете муслиманка. Навистина го цениме вашиот напор во читање на целиот Куран во превод и другите книги и статии за ислам како и вашето досегашно избегнување на конзумирање алкохол и свинско месо. Најбитно од сè е дека сте пресудиле праведно во поглед на исламот, Неговиот Пратеник и Книгата на Севишниот.
Од вашите прашања можев да заклучам дека се соочувате со две пречки:
социјален срам
постоење на нејасни работи
Во однос на втората точка, не е услов да се познава целата религија за да се стане муслиман бидејќи тоа е огромен океан во кој само што сте се нурнале. Можеш да станеш муслиман(ка) и да учиш за верата и да си го развиеш потполното убедување и целосното познавање на правилата на исламот. За почеток доволно е да се верува во шесте столбови на верата во општи црти (верување во Аллах, Неговите ангели, Неговите книги, Неговите пратеници, во Судниот ден и предодреденоста во доброто и лошо) и да се разбере и во целина да се прифатат петте столбови на исламот (да се посведочи дека не постои друго божество достојно за обожување освен Аллах и дека Мухаммед е Негов Пратеник, молитвата (намазот), да се дава зеќат (обврзителна милостина од најмалку 2.5% годишно за богатите) да се пости месецот Рамазан, да се изврши Хаџ (аџилак во Мекка, барем еднаш во живот, ако се има средства). Да се сфати и разбере дека знаењето и убедувањето се развиваат постепено и дека верата се зголемува со правење на добри дела на обожување и покорност кон Аллах, субханеху ве те’ала, што пак води кон подлабоко разбирање и прифаќање на правилата на исламот.
Во однос на првата точка ние сме сигурни дека ако влезеш во ислам искрено и правиш добри дела, тогаш Аллах ќе ти даде сила, истрајност, храброст и сигурност за да се соочите со сите тешкотии и да ги надминете нив. Искуството на другите жени кои станале муслиманки, пред вас, треба да ви даде добар пример за она што би можело да се стори во иднина по повод прашањето на следење на исламските правила, како што е хиџабот и другите правила, иако сте опкружени со енормна атмосфера на неверство. И ние, исто така, велиме дека ако жена би се нашла во ситуација да бира помеѓу тоа дали да стане муслиманка или да носи хиџаб, ние дефинитивно би и кажале да стане муслиманка поради сериозноста и опасноста од останување неверник кое е далеку полошо од тоа да си муслиман кој прави грев.
Ние ги разбираме тешкотиите и социјалниот срам за кој ни кажувате, и знаеме дека е многу тешко да се оди против едно семејство или општеството во кое се живее, но Аллах секоја потешкотија ја олеснува.
Аллах вели: „… Аллах е заштитник на верниците! (Али Имран 68)
„… а на тој што се плаши од Аллах, Тој ќе му најде излез.“ (Ет Талак 2)
„… Аллах сигурно по тешкотијата ќе даде олеснување.“ (Ет Талак 7)
„…Тие кои поради Нас се борат*, Ние, сигурно, на патиштата Наши ќе ги упатиме, а Аллах е навистина со тие што прават добри дела!“ (Ел Анкебут 69)
(* Ибн ебу Хаттим кажал: тоа се тие коишто ќе постапуваат по она што го знаат, Аллах џ.ш ќе ги упати на она што не го знаат)
Сакаме да кажеме, исто така, можно е, кога одредена личност ќе стане муслиман и се плаши од неиздржливи тешкотии или прогон, да го крие својот ислам како тајна, не изложувајќи се со својот ибадет (дела со кои се сака задоволство на Аллах) пред околината и луѓето иако тоа е тешко. Но поради Вистината и зачувување на себеси од казната во пеколот сè станува лесно и верникот може да ги надмине сите потешкотии.
На крај, ние може само да ви заблагодариме за напорот направен за испраќање на ова прашање. Се надеваме дека следниот чекор, кој треба да се преземе е јасен од нашиот одговор. Ние ќе бидеме многу среќни да ви помогнеме со нешто што може да ви притреба во иднина, и го молиме Аллах да ве упати на патот на Вистината, да ви помогне и да ви олесни. Аллах е Оној што упатува на Вистинскиот пат.
Islam Q&A
Sheikh Muhammed Salih Al-Munajjid
Шејх Мухаммед Салих Мунеџид
Comments