Кога Мухаммед а.с. наполнил 40 години, а тоа било во 610 година по Иса, алејхи селам, Аллах го избрал за пратеништво.
Му дошол мелекот Џибрил(Гавриил) во пештерата Хира и у кажал: „Читај!“ а Мухаммед, а.с. му одговори: „Јас незнам да читам.“ потоа го зел, силно го стегнал и пак кажал: „Читај!“, а Пратеникот му одговорил дека незнае да чита. Тоа го стрил три пати а потоа кажал: „Читај во името на Господарот твој Кој создава, го создава човекот од грутка крв! Читај, зашто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“(Ел Алек, 1-5)
После тоа се вратил престрашен од кај Хатиџа и ја известил за тоа што му се случило па го смирила кажувајќи му: „Аллах нема никогаш да те посрамоти, бидејќи ти ги одржуваш родбинските врски, вистината ја говориш, ги угостуваш гостите, им уделуваш на сиромашните и секогаш си од помош на тие во неволја.“
Потоа поминал одреден период а Објавата не му слегуваше поради мудроста која смао Аллах ја знае, а потоа дошла објавата по втор пат и со неа наредба со која се наредува повикување, доставување и носење на одговорноста. Аллах објавил: „О ти О, ти покриен! Стани и опоменувај! И Господарот свој величај Го! И облеката своја исчисти ја! И стој настрана од идолите!(Ел Мудесир, 1-5)
Така Аллах во овие ајети му наредил да го опоменува својот народ и да ги повика во Аллаховата вера. После тоа Пратеникот а.с. повикувал и стар и млад, и роб и слободен, и жена и машко и белец и црнец, па некои му се отповикале, но повеќето го одбиле повикот[1]. (Учените на животот на Пратеникот а.с. велат дека не постоела личност во тогашна Мекка, маж или жена, млада или стара, а да Пратеникот а.с. не му го претставил исламот и не го повикал во него.(ур.))
Comments