top of page
Writer's pictureinfoislam

Појава на јавен разврат

Со многуте зла и раширеноста на страсти пред крај на светот ќе се појави и јавниот разврат, кога човеќ ќе чини блуд на јавен пат, на очиглед на сите. Аллаховиот Пратеник саллааху алејхи ве селем, дека тоа ќе се случи и тоа е еден од предзнаците на Судниот ден. Значи тоа ќе бидат всушност два предзнаци- појава и раширеност на блудот, и неговото јавно правење без никакво устручавање.

Ебу Хурејре р.а. пренесува дека Аллаховиот Пратеник а.с. кажал: „нема да настапи Судниот ден се додека нема да остане никој на Земјата кој кај Аллах нешто ќе вреди и додека жена на сред бел ден[1] и на очиглед на сите не стори блуд на пола пат, а нема никој тоа да го осуди или да го спречи. Најдобриот тогаш ќе биде оној што ќе каже: „ Барем да се иставивте од патот!“ и тој некој кај нив ќе биде како Ебу Бекр и Омер кај вас.“[2]

Ова го поткрепува и горенаведениот хадис : „Навистина е од предзнаците на Судниот ден : да исчезне знаењето и да се појави незнаењето, да се пие алкохолот и да се прошири блудот…“ Во друго предание стои: „Ќе се појави блудот ќе се намали бројот на мажи и ќе се зголеми бројот на жени“.[3]

Овие два предзнака веќе се појавиле во нашето време преку тоа што го емитираат сателитските каналии интернет, од развратни филмови преку секвенците на блудните настапи и еротски слики, на кое верниците се срамат и да помислат.

На верникот и верничките е обврска да ја чуваат својата душа, да ги соборуваат своите погледи и да ги чуваат своите срамни места, и да бидат опрезни од мешање со луѓе развратници и да не ја забораваат молитвата за постојана чедност и крепост.

Од книгата: „Крај на светот“ Мухаммед Арифи

[1] Еве еден пример од Македонија пред некое време што го пренесе Сител: „Разврат среде бел ден во центарот на Скопје. Двајца егзибиционисти решиле страстите да ги задоволат под Камениот мост, едно од најфрекфентните места во главниот град. Ова  е испратено од граѓанин за сителовата рубрика “На лице место”. „Љубовџиите“ се снимени во саботата околу пладне кога низ мостот и покрај кејот на Вардар поминуваат стотици луѓе. Актерите во аматерската снимка без око да им трепне дали некој ги гледа се впуштиле во акција. Од снимката не може да се види на која возраст се како и од кој пол се. Развратот на јавно место во Македонија се казнува според законот за јавен ред и мир од 2007. Ако полицијата ве фати на дело во автомобил или на отворено, во парк, на Водно или некоја друга локација треба да платите 400 евра казна. Во МВР досега нема пријава за однос на јавно место, очигледно полицајците им прогледуваат низ прсти на занесените љубовници. Граѓаните најостро го осудуваат ваквото недолично однесување во јавност. Парични казни има и во најголем број туристички земји. Сепак во исламскиот свет ваквото недолично однесување покрај затвор завршува и со камшикување.-Александар Динев“ (http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/seks-na-javno-mesto-se-kaznuva-samo-ako-ljubovdziite-se-fatat-na-delo)

[2] Албани го наведува за даиф хадис , го бележи Хаким за веродостоен со што не се слага Зехеби

[3] Бухари и Муслим

0 views0 comments

Comentários


bottom of page