Детството е тајна на животот, животно уживање и дар од Возвишениот Аллах, чива вредност може да ја цени само оној кому му било ускратено и за остварување на тоа вложил се што е вредно. Грижата за децата, сомилоста и благоста се работи кои Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, ги поттикнувал и го пофалил секој оној кој ќе ги стори.
Во една прилика некои бедуини дошле кај Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, и го запрашале: „Дали вие ги бакнувате вашите деца, за што Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, одговорил потврдно.“ Тие кажаа: „Но ние не ги бакнуваме нашите деца.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, им одговори: „Што можам јас кога Аллах ви ја одзел милоста од вашите срца.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, често би заминувал во далечните села на Медина да го посети својот син Ибрахим кој таму доел. Тамо би одел само за да го баци својот син, а потоа би се враќал.
Кога починал внукот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, неговите очи се насолзиле, па Сад б. Убаде кажал: „Што е Божји Пратенику?“, а тој му одговорил: „Тоа е сомилоста која Аллах ја внел во срцата на своите робови, а Аллах нема да се смилува на оние кои не се сомилосни.“
Од Енес р.а. се пренесува дека Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, ги посетувал енсариите, жителите на Медина, ги љубел нивните деца и ги галел по глава.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кога се клањал во таква положба би ја држел Уммама, својата внука, ќерка на неговата ќерка Зејнеб. Кога би станувал, би ја зел кај себе, а кога би се спуштал на сеџда (ничкум), би ја оставал на страна.
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Кој ќе раздели дете од негова мајка, Аллах на Судниот ден ќе го раздели од оние кои ги сакал.“
Тој дозволувал децата да седат таму кај што седеле возрасните и им ги давал сите права кои им ги давал и на другите. Од Сехл б. Сад Ес –Саидиј се пренесува предание во кое што се наведува: „Кога на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му бил донесен сад со пијалок, тој би се напил. Од неговата лева страна би седеле постарите, а од десна дете и тој би кажал на момчето: „Дали би дозволил да му дадам прво на постариот.“ (бидејќи е пракса да се почне од десна страна). Момчето кое било паметно одговорило: „ Не се колнам во Аллах, мојот дел нема да го дадам на никој.“ После тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му го дал садот во рака.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и на она дете кое што само би се родило и се одвоило од мајка (т.е. излегло од стомак на овој свет) му дал право да биде наследник. Тој ги уважувал нивните чувства и ги посетувал во нивните куќи и места каде се состанувале и бил благ со нив и ги галел по глава. Помеѓу нив организирал натпревари и им поклонувал награди.
Comments