Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ја подигнал знамета на убаво и благо постапување со животните и наредил убаво спрема нив да се постапува, да се хранат и да се напојуваат и да небидат оптеретени со она што тие не можат да го поднесат.
Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Еден човек одел по пат и ожеднел. Наишол на бунар, се спуштил во него и се напил вода. Откако излегол видел задишано куче и ја јаде земјата од жед. Човекот кажал во себе: ‘Ова куче е жедно како што јас сум бил жеден.’ Се симнал во бунарот, ја наполнил неговата чевла со вода, а потоа ја држел во својата уста додека не се искачил. Кога се качил го напоил жедното куче. Аллах, благодарејќи му на тој чин, гревовите му ги опростил. Асхабите (пријателите) го запрашале: „О Божји Пратенику, зарем можеме и кај животните награда да добиеме?“, тој им одговорил: за секое живо суштество можете награда да заработите.“
Како што спомнатиот човек заслужил опрост затоа што го напоил кучето, така Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ја спомнал и казната за оној што ги мачи животните кажувајќи: „Една жена ја мачела мачката така што ја затворила се додека не пцовисала, па поради тоа завршила во Оган (на другиот свет). Ниту ја хранела, ниту ја поела кога ја затворила, ниту и дозволила да јаде од земја.“
Кога се коле животно чиво месо е дозволено да се јаде, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, наредил тоа да се прави на убав начин. Тој кажал: „Аллах пропишал убаво постапување у секоја ситуација. Кога убивате, тоа чинете го на благ начин, а кога колете, тоа на убав начин сторете го. Затоа наострете ги своите ножеви за да и олесните на жртвата која ја колете.“
Од Ибн Абас р.а. се пренесува дека еден човек ја положил овцата оштрејќи го ножот пред неа, па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Зарем сакаш да ја убиеш повеќекратно. Требаше да го наостриш ножот пред колење.“
И кажал: „Аллах го проколнал оној кој ги масакрира животните.“
И кажал: „Кој ќе биде милостив према животното кое го коле, дури да се работи за врапче, Аллах ќе му се смилува на Судниот ден.“
Comments