Во исламот постојат правила за патот по кои луѓето минуваат. Тие кодекси забрануваат вознемирување на луѓето како што се случува во многу земји. Се пренесува дека Аллаховиот Пратеник Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Избегнувајте седење покрај пат! – Тоа ни е неопходно- кажаа. Тоа се наши места за состанување и на кои збориме. -Ако веќе сакате да седите тогаш дајте му го на патот неговото право. А кое е неговот право? – Да се обори погледот, да се воздржиш од навредување, да се возврати на селам(поздрав на мирот), да се нареди на добро и да се возврати од зло.“
Од правата кои го има еден пат е и забрана на вршење нужда на пат и во ладовина. Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Чувајте се од две врсти на личности кои се проколнати: оној кој врши нужда на места каде луѓе минуваат и од оној кој врши нужда во ладовинки(места каде што луѓето одмараат).“
Пратеникот (нека е Божји мир и благослов врз него) не известил дека: „Некој човек додека одел по пат наишол на боцкаво гранче. Поради тоа го тргнал и Аллах Му заблагодарил и му опростил и го внел во Џеннет.“
Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Видов човек како ужива во џеннетските сладости заради дрвото кое го отклонил од пат, а кое ги вознемируваше луѓето.“
Comentarios