Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, поттикнувал на убав одгој на децата, така што тие требале да станат добра младина и корисни луѓе за својата вера, татковина и општество.
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Не е од нас оној кој не е милостив кон нашите млади и кој не ги цени постарите.“
Исто така кажал: „Наредувајте им на своите деца да клањаат од нивната седма година, а удрете ги во десетта, ако не клањаат намаз и раздвојте ги во постела.“
Се пренесува дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Најдобро што таткото може да им остави на своите деца е убавото однесување.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ги подучувал децата како да јадат, пијат, па во една прилика кажал: „О младо дете, спомни го Аллаховото име, јади со десна рака и јади пред тебе.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, одгојот на женските деца посебно го истакнал. Аиша р.а. вели: „Во една прилика кај мене влегла една жена и со нејзе двете нејзини ќерки, барајќи нешто, а јас немав освен една урма, па и ја дадов на жената, која ја располови и ја даде на ќерките, за себе не зеде, по што таа станала и заминала. После тоа дошол Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, па го известив за тоа, а тој кажа: ‘Кој ќе биде под искушение со женски деца, па им стори добро, тоа ќе му биде заштита од оган.“
А во предание кај Тирмизи стои: „Кој ќе биде искушан со женски деца, па ќе се стрпи, тие ќе му бидат прекривка од оган.“
Алејхи селам, исто така кажал: „Кој ќе одгои две девојчиња се додека не станат полнолетни, на Судниот ден ќе биде со мене.“(Па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, го споил своите прсти покажувајќи колку блиско е тоа)
Кажал и ова: „Кој ќе има три ќерки или сестри или две ќерки или две сестри, па ги одгои и добро им чини, а потоа ќе ги омажи, наградата му е Џеннет.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кога би влегла неговата ќерка Фатима би станал и би ја бакнал, а потоа би ја ставил да седне на неговото место.
Од правата кои Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, им ги дал на децата е и тоа да тие имаат удел во иметокот на својот татко.(т.е. родителот)
Се наведува дека Сад б. Еби Векас сакал да подели две третини од својот имот на Аллаховиот пат и Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му кажал тоа да не го прави. Сад го прашал дали може една третина од имотот да го подели а Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му кажал: „Третина може, но и тоа е многу. Подобро твоите наследници да ги оставиш богати, околку сиромашни, па потоа да бараат од луѓето.“
Comentarios