top of page
Writer's pictureinfoislam

Правата на комшијата

Многу луѓе не ги посетуваат своите комшии и не прашува за нив. Има луѓе кои ги вознемируваат своите комшии, без тоа да го знаат. Некогаш човек ќе се разболи и во потреба е неговиот комшија да го помогне, но неможе да дојде до него во таква тешка состојба. Ваквиот вид на изолација е резултат на современиот начин на живот кој сторил многу луѓе ги заборават своите обврски кон заедницата.

Заради волку големата важност на правта на комшијата Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажал:

„Џибрил (Ангелот Гавриил) толку многу ми опорачувал за комшијата што помислив дека комшијата ќе биде наследник на комшијата.“ т.е. помислив дека комшијата ќе има удел во наследството на својот комшија.

И кажал: „Најдобар кај Аллах се оние кои се најдобри према своите пријатели, а најдобри комшии се оние кои се најдобри кон своите комшии.“

Исто така кажал: „Полошо е кога човек ќе стори блуд со жената на својот комшија, отколку да го стори со десет други жени. Полошо е човек да украде од куќата на својот комшија отколку од десет други куќи.“

Кажал и ова: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека не го вознемирува својот комшија.“

Во преданието кај Муслим стои: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека му прави добро на својот комшија.“

И кажал: „Не е верник оној кој ќе легне ноќе најаден, а неговиот ккомшија гладен.“

И кажал: „О Ебу Зерр кога ќе си направиш супа, додај повеќе вода и понуди му и на комшијата.“

И кажал: „Колку ли има од оние кои живеат покрај своите комшии и говорат: ‘Господару, запрашај го оној зошто ја заклучил својата врата и ми го забранил неговото добро.’“

0 views0 comments

Komentarze


bottom of page