top of page
Writer's pictureinfoislam

Правата на постарите и лица со посебни потреби

Постарите луѓе се оние кои влегле во години во кои чувствуваат осаменост и последици од старост, како што се слабост, болест и слично. Тие се исто така луѓе кои имаат искуство и мудрост и затоа е потребно општеството да не ги занемарува, туку треба да ги почитува и да ги цени и да се користи со нивното искуство и можност.

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се гордеел со постарите луѓе и говорел за нивните вредности, и дека тие имаат големо право во целото општество. Тој, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Кој во исламот ќе дочека едно седо влакно, тоа ќе му биде светлина на Судниот ден.“

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, поттикнувал на почитување на постариот па кажал: „Еден од начините на величање на Аллах е почитување на постарите муслимани.“

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, давал предност на постарите при пиење. Погледни го овој хадис каде на виделина искача Пратениковото, саллаллаху алејхи ве селем, почитување на постарите и децата во иста мерка. Од Сехл б. Сад Ес –Саидиј се пренесува предание во кое што се наведува: „Кога на Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, му бил донесен сад со пијалок, тој би се напил. Од неговата лева страна би седеле постарите, а од десна дете и тој би кажал на момчето: „Дали би дозволил да му дадам прво на постариот.“(бидејќи е пракса да се почне од десна страна). Момчето кое било паметно одговорило: „Не се колнам во Аллах, мојот дел нема да го дадам на никој.“ После тоа Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, му го дал садот во рака.“

Гледај чудо! Алаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, печатот на сите пратеници и веровесници, бара од момче дозвола да почне од постарите кои биле од неговата лева страна од почитување кон нив и нивните години. Момчето го одбива тоа бидејќи сака да пие после Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, за да неговите усни го допрат местото од кое што пиел Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, одбивајќи да ја даде предноста на било кој во тоа. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, барал дозвола бидејќи е суннет кога е пиење и слично на тоа да се започне од десна страна.

Правата на луѓето со посебни потреби

Постојат луѓе чива судбина била да ги задеси несреќа со некои нивни органи, што сепак се одразувало на целиот нивен живот. Некои луѓе можеби не им е грижа за нив, нити свртуваат внимание на нивните чувства и нивните проблеми. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, не ги заборавил луѓето со посебни потреби, туку им поклонувал должно внимание и се грижел за нив.

Една жена која имала ментални проблеми го запрела во една прилика Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и кажала дека има една потреба, а Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и кажал: „О мајко на тој и тој избери го било кој дел од патот и застани и јас ќе застанам со тебе.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се осамил со неа се додека не ја исполнил нејзната потреба.

Нив Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ги посетувал и во нивните домови. Еден ден на своите асхаби им кажал: „Одиме до племето Вакиф да го посетиме острогледиот.“ т.е. слепиот човек. Погледнете како го нарекол со прекар „острогледиот“, со тоа слутејќи му добро (укажувајќи на неговиот духовен вид и вредност).

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, нив ги израдувал со големи награди кажувајќи: „Аллах Возвишениот вели: ‘Кога мојот роб ќе биде искушан со слепило па тој ќе се стрпи, јас за возврат ќе му го подарам Џеннетот.“

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, поттикнувл да оној кој слабо гледа и кој е потполно слеп му биде покажан патот, кажувајќи: „Твојот поглед со кој му помагаш на оној кој има слаб вид е милостина.“

Во една прилика дошла една жена која понекогаш ја прифаќал еден вид на ментален проблем и на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му кажала:

„О Аллахов Пратенику, моли се за мене.“, а тој кажал: „Ако сакаш ќе го молам Аллах па ќе те излечи, а ако сакаш стрпи се, па нема да полагаш сметка на Судниот ден. Тогаш таа рекла: „Ќе се стрпам само за да не полагам сметка.“

0 views0 comments

Comments


bottom of page