Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, водел грижа за слабите, за оние кои немале имот ниту семејство. Би примал од оние кои чинеле добро и би преминувал преку нивните грешки. Нивните потреби со брзање би ги завршувал, а доколку им се причинела штета или доколку би биле вознемирени, па дури и со збор со кој би се налутиле, Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, таа штета би им ја отклонил.
Се пренесува дека Аиз б. Амр дека Ебу Суфјан, еден од великаните на племето Курејш, поминал со делегација покрај Селман ел Фариси, Сухејб Ер Руми и Билал Ел Хабеши, а тие некогаш биле робови и биле сиромашни, па кажале: „Аллаховите сабји не го земале своето право кај Аллаховиот непријател.“ Ебу бекр запрашал: Зарем тоа го велите на водачот и првакот на Курејшиите?“ После тоа отишол кај Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, и го известил за тоа, а тој му кажал: „О Ебу Бекр, можеби си ги налутил. Ако си го сторил тоа, „тогаш и Господарот си го налутил.“ Па Ебу Бекр отишол до нив и ги запрашал: „О мои браќа, дали ве налутив? “, а тие му одговорија: „Неси не налутил, Аллах да ти опрости, брате.“[1]
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Можеби баш оној расчупан и правлив човек, кого луѓето го бркаат од своите порти, кога од Аллах би побарал нешто, тој тоа би му го услишал.“[2]
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, би ги подучувал своите асхаби дека имотоот, друштвената положба и престижот не му ја даваат на човекот вредноста доколку не ја заслужи. Сиромаштвото, малку имот и нискиот статус нема да му ја намали на човекот вредноста која ја заслужил.
Во една прилика некој човек со своите пријатели поминал покрај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, па ги запрашал: „Што мислите за овој човек? “ Тие одговорија: „Тој е еден од најугледните луѓе. Тој се колнам во Аллах, кога би запросил некоја, таа би се согласила, кога би се завзел за нешто, тоа би било примено, а кога би говорел тоа би се слушало.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, молчел. После тоа поминал еден сиромав муслиман, па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, запрашал: „Што мислите за него?“, а тие одговорија: „Кога тој би запросил жена, не би го прифатила, кога би посредувал во нешто тоа не би било примено, а кога би говорел тоа не би се слушало.“ Потоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, за сиромашниот кажал: „Овој е подобар отколку цел свет со оние претходни.“[3]
Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кажал. „Сакате да ве известам за жителите на рајот? Тоа е секој оној слаб, кој кога би барал од Аллах, тој би му го исполнил. Сакате да ве известам за жителите на Огнот? Тоа е секој суров, непокорен и горделив.“[4]
Еден од доказите дека Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се грижел за слабите е случајот каде една црна жена која ја чистела џамијата престанала да доаѓа, па Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, прашал за нејзе, а тие му одговориле дека починала. Тогаш тој прашал: „Зошто не ме известивте? Покажете ми го нејзиниот гроб.“ После тоа тие му го покажаа, а тој и клањаше џеназа.[5]
Друштвото во кое слаби и сиромашни се чувствуваат дека се битни и дека одговорните за нив се грижат е друштво во кое владее солидарноста, милосрдието и хуманоста чиви благодетти се просипаат на секој.
Заради тоа Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, вели: „Кому Аллах ќе даде власт во нешто што се однесува на муслиманите, па тој ќе ги занемари нивните потреби и ќе ги стори сиромашни, Аллах него ќе го занемари и ќе го осиромаши на Судниот ден.“[6]
Во преданието кое го бележи Тирмизи кажал: „Кој водач ќе ја затвори вратата пред оние кои имаат некоја потреба или пред сиромашните, Аллах ќе ја затвори вратата на небесата кога тој ќе биде во некоја потреба и сиромаштво.“[7]
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, исто така кажал: „Кој ќе има власт над луѓето па ќе ја затвори својата врата пред сиромашните, на оние на кои им е сторена неправда или на оној кој има некоја потреба, Аллах Возвишениот ќе ја затвори вратата на Својата милост кога тој ќе има некоја потреба, или ќе биде сиромашен.“[8]
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, го повикал целото општество да застане во одбрана на оние чиви права се узурпирани без обѕир каква положба или углед уживал претходно. Така тој направил врска помеѓу ова прашање и прашањето на вредноста на умметот кажувајќи: „Како Аллах да го цени народот во кој слабиот не го зема своето право од богатиот, а тоа на богатите нема да им предизвика штета.“[9]
[1] Муслим, бр.4559.
[2] Муслим, бр.4754.
[3] Бухари, бр.4701., и Ибн Маџе, бр. 4110.
[4] Бухари, бр.4537., и Муслим, бр.5093.
[5] Муслим, бр.1588.и Ибн Маџе, бр. 1522.
[6] Ебу Давуд, бр.2559.
[7] Тирмизи, бр.1253.
[8] Ахмед, бр.15097.
[9] Ибн Маџе, бр. 2417.
Comentários