top of page
Writer's pictureinfoislam

Правата на слугата

Нивото на секоја цивилизација се гледа и во нивниот однос спрема сиромашните, слабите и оние кои немаат можност да дојдат до нивните претпоставени (т.е. структури кои владеат) и до оние кои носат одлуки. На таков вид на луѓе припаѓаат и слугите кои работат во куќите на богатите и угледните. На нив Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, им ги дал сите права ги сослушал нивните молби и мислења, и ги почитувал во потполност.

Доказ на тоа се зборовите на Енес б. Малик р.а.: „Го служев Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, десет години и никогаш не ми кажа ни „уф“. Доколку нешто сторев, никогаш не ми кажувал зошто сум го направил, а доколку не го сторив никогаш не ми велеше зошто не си го сторил.“

Се наведува предание дека некоја мединска робинка го зела Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, за рака и го одвела таму каде што таа сакала за да и го реши проблемот кој го имаше.

Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, предупредил на вознемирувањето на слугата, па дури тој да бил роб во нечива сопственост и нагласил дека вознемирувањето на робот е една од причините поради кои може да биде ослободен од ропство. Кажал Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем,: „Кој ќе удри шлаканица или ќе го удри оној кој е во негова сопственост, може да се откупи само ако го ослободи.“

Се пренесува од Ебу Месуд Ел Енсари дека кажал: „Го удрив својот слуга со камшик и позади себе го слушнав гласот: ‘Знај Ебу Месуд.’ Тој глас не го разбрав бидејќи бев премногу лут. Откако се приближи видов дека тоа е Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, кој повторно кажа: ‘Знај Ебу Месуд, знај Ебу Месуд.’ Тогаш го фрлив мојот камшик од мојата рака, а тој кажа: ‘Знај Ебу Месуд, дека Аллах е помоќен од тебе повеќе од ова момче.’ После тоа кажав: ’Никогаш повеќе нема да удрам роб.“ Во друга една верзија стои: „О Божји Пратенику го ослободувам сакајќи Го Аллаховото Лице.“, па Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, му кажал: „Кога тоа не би го сторил огинот би те допрел.“, т.е. ти тоа не го правиш доброволно, туку ти е обврскам бидејќи си го удрил со камшик.

На овој начин Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, се борел против ропството и на тој начин многумина робови биле ослободени. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, забранил да робот се оптеретува над неговите можности кажувајќи: „На робот му припаѓаат храната и облеката и несмее да се оптерети над неговите можности.“

Во една прилика некој човек дошол кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и го запрашал: „О Божји Пратенику колку пати да му простам на својот роб, а тој одговорил: седумдесет пати секој ден.“

0 views0 comments

Comments


bottom of page