Од универзалните вредности кон кои што тежнее човештвото е и правдата. Аллах Возвишениот го упатил Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кон тоа да ја сака правдата и да ја наредува. Возвишениот Аллах вели: „Аллах ви наредува праведно да постапувате.“(Ен Нахл, 90)
Уште повеќе, наредил праведно постапување и према непријателот, кој ни се спротиставува, и предупредил дека непријателството несмее да биде причина неправедно да постапуваме спрема другите и нивните права да ги прекршуваме. Возвишениот вели: „Нека омразата која према некого ја чувствувате никако не ве наведе неправедни да бидете. Праведни бидете, тоа е најблиску до праведноста.“ (Ел Маида, 8)
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, објаснувајќи ја обврската према сите кажал: „Оние кои што биле пред нас ги уништи тоа што кога некој од нивните големци украл, тие не би го казнувале, а кога би го сторил тоа некој слабак, тие би го казниле. Се колнам во Аллах, јас на својата ќерка Фатима би ја отсекол раката доколку би украла.“
„Тие кои праведно ќе постапуваат кај Аллах ќе бидат на тронови на светлината. Тоа се оние кои праведно ќе постапуваат во своите спорови, семејства и за она што се грижат.“
„Аллах не почитува народ во кој богатите не им ги даваат на сиромашните нивните права иако со давањето на тие права нема ништо да им нашкоди.“
Comments