top of page
Writer's pictureinfoislam

Правила поврзани со Аллаховите имиња

После првите златни три генерации настанале многу секти и разни иновации, кои почнале да ги негираат и темелните работи на исламското верување, како што е поглавјето за Аллаховите убави имиња и совршени особености.

Меѓу нив биле муаттили, џехмии, потоа оние кои ги потврдиле Аллаховите имиња, но ги занегирале особеностите како мутезили, но и оние кои ги потврдиле, но ги измениле истите како што се ешариите и матуридиите.

Затоа било потребно да учењаците на ехли суннет им одговорат на сите овие фракции на адекватен начин и со наведување на куранско суннетски докази за неисправноста на нивниот правец.

Поради ова се поставени правила и принципи врзани со Аллаховите убави имиња и совршени својства.

Прво правило: Сите Аллахови имиња се најубави имиња

Аллаховите имиња се врв на она што е добро и убаво. Ел Хусна значи најубаво, најдобро.

Возвишениот вели:

„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња – како ќе прават, така ќе бидат казнети!“ (Ел Араф, 180)

Аллах, нема друг бог освен Него, ги има најубавите имиња.“(Таха, 8)

„..затоа што Тој, е навистина Силен и Мудар.

Името Ел Азиз укажува на „иззет“ односно на Гордост, сила,а Ел Хаким на мудрост. Спојот на овие две имиња е нова совршеност, а тое е дека со Неговата Гордост доаѓа и Неговата мудрост. Неговата моќ со себе не ја повлекува неправдата ниту ружните дела, како што е тоа случај со моќниците, владетелите меѓу суштествата(каде што нивната горделивост ги води кон тоа да прават неправда и ружни дела). Исто така со мудроста доаѓа и Неговата моќ, за разлика од обичните луѓе кои можеби се мудри но се понижени и потлачени, па истата неможат да ја пренесат. Овие две особини, моќта и мудроста, кога ќе се најдат кај човек се вредни врлини за суштествата, а што да кажеме кога ова го има Господарот на световите, субханеху ве те’ала, онака како што доликува на Неговото Величествено битие.

Второ правило: Аллаховите имиња се сопствени и описни

Аллаховите имиња се сопствени затоа што се однесуваат на Аллаховото Битие(Зат), а описни се поради совршено значење. Тие се синоним за Аллах, но воедно се разликуваат по своите посебни значења. Таквите имиња се : Ел Хајј, Ел Алим, Ел Басир, Ел Кадир, Ес Семи, Ер Рахман, Ел Азиз, Ел Хаким, но тие во целост се разликуваат едни од други, како што Ел Хај се разликува од значењето на името Ел Алим или Ел Кадир.

Тој е Оној кој простува, Семилосниот.“(Јунус, 107)

Затоа мора да веруваме дека кога Аллах поседува некое својство и особина дека всушност тоа и навистина Му припаѓа.

Трето правило:Аллаховите имиња кои укажуваат на особини од минлива

природа(муттедије).

Тоа опфаќа три работи:

  1. потврдување на тоа име на Аллах субханеху ве те’ала

  2. Потврдување на особините на тоа име

  3. Потврдување на прописот кој го повлекува тоа име

Како доказ на ова правило учењаците наведуваат изостанок на казната за друмските разбојници доколку се покајат за своето дело, поради зборовите на Аллах субханеху ве те’ала: „..но не и за тие што ќе се покајат пред да паднат во ваши раце! И знајте дека Аллах простува и дека е Милостив!

Со овие две имиња во овој цитат се укажува на тоа дека Аллах веќе им опростил ако се искрени во покајувањето.

Например името Ес Семи(Оној кој сè слуша) подразбира:

  1. Потврда на името Ес Семи

  2. Потврда на особеноста дека Аллах субханеху ве те’ала се слуша

  3. потврда дека го слуша секое тајно дошепнување

Четврто правило: Аллаховите имиња во потполност со своето значење се истоветни со Аллаховото битие и Неговите особини;

Например името Ел Халик(Создател) упатува на:

  1. Аллаховото битие(мутабека- истоветност)

  2. на Аллаховото субханеху ве те’ала особина на создавање(тедамун содржајност)

  3. обавезно знаење и моќ(илтизам- нужно произлегувачки заклучок). Бидејќи Создателот мора да знае да создаде и мора да има моќ да создаде.

Пето правило : Аллаховите имиња се тевкифије, т.е. изведени се само од Куран и Суннет. Во нив нема место за разум.

Се што е објавено од Куранот и суннетот на Пратеникот алејхи селам , обврска е да се потврди без никакво додавање или одземање. Аллах, тебареке ве те ала, на повеќе места во Куранот појаснува дека еден од најголемите гревови е да кажеш нешто за Аллах субханеху ве те’ала, без знаење:

Кажи: „Господарот мој го забранува развратот, и јавниот и скриениот, и гревовите, и неоправданата примена на сила, и на Аллах да Му ги здружувате тие за кои Тој никаков доказ не објавил, и за Аллах да го зборувате тоа што не го знаете!“(Ел Араф, 33)

Значи ние ги потврдуваме сите имиња со кои Аллах субханеху ве те’ала, се нарекол Себе и со кои Го нарекол неговиот Пратеник алејхи селам. Едногласно мислење на исламските учењаци е да Аллах не е дозволено да се нарече со име со кое Тој не се нарекол Себе си, ниту за тоа сме известени од праксата на Божјиот Пратеник алејхи селам. Тоа е бидејќи Аллаховите имиња се тевфкифије. На тој простор нема место за разум, бидејќи самиот разум не е во состојба да ги спознае имињата кои кои му одговараат на Аллах, субханеху ве те’ала, нити е во состојба да ги достигне суштините на возвишените својства и убави имиња кои Му припаѓаат на Аллах, тебареке ве те ала. Затоа да се нарече Аллах со нешто што не Му припаѓа или не се нарекол Себе си претставува говор за Аллах без знаење, а тоа Аллах субханеху ве те’ала, строго Го забранил на своите робови. Ибн Хазм кажал: „Не е дозволено Аллах да се нарекува со некои други имиња со кои Тој себеси не се нарекол или не не известил во Неговата Книга или во суннетот на Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем, па дури и да дошло со консензус на учењаци и да има точно значење, тоа не е дозволено да се припишува на Аллах.“[1]

Истото го вели и имам Невеви кој вели дека Аллаховите имиња не се припишуваат освен со доказ.

Пратеникот алејхи селам, кажал: „Не сум во состојба да Ти се заблагодарам. Ти си онаков како за Себе пофалба си изнел.“(Муслим)

Да се нарече Аллах со име со кое Тој не се нарекол Себе си е голем грев и злосторство наспроти правото на Аллах. Самиот човек не е задоволен да некој го нарекува со име со кое тој не сака, а замислете како е тоа со Создателот на сите светови и дали Тој е задоволен.

Шесто правило: Аллаховите имиња не се ограничени со одреден број

Тоа и претходно го појаснивме, а означува дека нивниот вистински број Го познава Аллах џ.ш.

Седмо правило: Забрана на извртување на Аллаховите субханеху ве те’ала, имиња-илхад.

Аллах субханеху ве те’ала вели:

„На Аллах Му припаѓаат најубавите имиња и повикувајте Го со нив, и тргнете се од тие што ги искривуваат Неговите имиња – како ќе прават, така ќе бидат казнети!“ (Ел Араф, 180)

Аллах вели да се тргнеме од оние : …што ги искривуваат Неговите имиња.“ Катаде појаснува и вели:„Т.е. од оние кои Му припишуваат секакви имиња.“

Зборот спомнат овде на арапски значи –девијација, отстапување. Ибн Тејмие ни кажал дека ние освен Аллаховите имиња не ги извртуваме и Неговите ајети во Куранот.

 

[1] Фаслу фил милели вел ехваи и вен-нихел.

„Аллаховите најубави имиња“- проф. Санел Рамич

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page