top of page
Writer's pictureinfoislam

Правилното земање абдест од научно гледиште – миење на рацете

hqdefault

Со триењето и миењето помеѓу прстите во абдестот истото може да го поврземе со кинеската наука за акопресура. Акопресура ја означува масажата на одредени делови на телото кои се викаат точки на лечење.

Тоа е начин кој ја враќа рамнотежата и овозможува нормален ток на виталната енергија и го отклонува секој проблем и застој врзан за енергијата која кинезите ја нарекуваат чи. Една од причините заради која со примена на споменатиот третман исчезнува болката е засиленото излачување на ендоморфинот или природниот морфиум по пат на нервни ќелии. Кинезите дополнително откриле дека помеѓу прстите се наоѓаат точки на масажата или триењето по тие точки ја лечи главоболката и се смета за природно средство за умирување при воспаление на нервите.

Сега од ова на сите треба да ни е јасно дека триењето помеѓу прстите кое го препорачал Пратеникот алејхи селам на еден од неговите асхаби(другари) со: „ Правилно и темелно земај го абдестот и при миењето протри помеѓу прстите“ – означува дека истото претставува еден од начините да се спречи главоболката и да се смират болките. Триењето на рацете при земањето на абдест слично е на кинеската масажа на одредените точки, какви што се точките кои имаат улога на средство за смирување или точки кои имаат улога на средства за поттикнување и јакнеење на здравјето.

Исто така пракса е на Пратеникот и на верниците да после завршетокот на молитвата се спомнува Семоќниот Бог величајќи го со броење на прстите кои ќе бидат сведоци на Судниот ден. Јогата како алтернативна медицинска наука утврдила дека секој прст има своја намена. Например, кога ќе се поврзат одредени прсти тие се симболи на поврзаност на човекот со својот Создател. Тоа е всушност она што се добива при спојувањето на прстите кои означуваат смиреност, стрпливост и чувство на здравје сила и пронисцливост која се развива при овие постапки на благодарност и духовна исполнетост. Секојдневно медицинската наука и алтернативната медицина се сведоци на возвишените исламски норми и правила на однесување кои како третман му користат на зачувување на здравјето и психолошката рамнотежа на нашето тело.


Користена литература:

Абдест и алтернативна медицина – Меџида Амир

0 views0 comments

Comments


bottom of page