Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, наредил да се одржуваат роднинските врски и предупредил на опасноста на прекинување на врските помеѓу роднините.
Кога се во прашање родителите, исламот нивните права ги поставил на високо ниво така што ги споменал со правата на Аллах. Возвишениот Аллах вели: „И на Аллах обожувајте Го и не му правете здруженик, а на родителите добро да им правите.“ (Ен Ниса, 36)
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, бил зпрашан за најдоброто дело па кажал: „Намаз во неговото време, а потоа правењето добри дела на родителите.“
Во една прилика дошол некој човек на Аллаховиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем, барајќи дозвола од него да иде во борба на Аллаховиот пат, па Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, го запрашал: „Дали твоите родители се живи?“ Тој кажа: „Да.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, кажа: „Кај нив ти е твојот џихад (да се грижиш за нив).“
Дошол некој човек кај Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, и кажал: „Дојдов да ти дадам завет за хиџра(преселба кон тебе) и ги оставив своите родители расплакани.“ Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, му кажа: „Врати се кај нив и стори да се насмеат како што им направи да ги расплачеш.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, наредил одржување на врските со родителите па дури и да се немуслимани. Така се пренесува од Есма бинт Еби Бекр дека кажала: „Дојде мајка ми за време на животот на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, а беше од многубошците, па го запрашав Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, за одржувањето на врските со неа, а тој одговори: „Одржувај ги врските со неа!“
Непослушноста кон родителите е еден од најголемите гревови, бидејќи Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, вели: „Големи гревови се: многубоштвото, непослушност кон родителите, убиството и лажносто сведоштво.“
И кажал: „Аллах го проколнол оној кој ги навредува своите родители.“
Пртаеникот, саллаллаху алејхи ве селем, за одржување на родбинските врски кажал: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги одржува роднинските врски.“
И кажал: „Најдобра милостина е онаа која е дадена на твојот роднина кој го крие своето непријателство кон тебе.“
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, на Укбет б. Амир му кажал: „О Укбе, спои ја врската со оној кој со тебе ја прекинал, дај му на оној кој на тебе ти скратил и сврти се од оној кој неправда ти сторил.“ Во друго едно предание стои: „Опрости му на оној кој неправда ти сторил.“
Yorumlar