Пратеникотﷺнаредил да се одржуваат роднинските врски и предупредил на опасноста од прекинување на врските помеѓу роднините.
Кога се во прашање родителите, исламот, нивните права ги поставил на високо ниво така што ги споменал заедно со правата на Аллах.
Возвишениот Аллах вели: „И Аллах обожувајте Го и не му правете здруженик, а на родителите добро да им правите.“ (Ен Ниса, 36)
Пратеникот ﷺ бил запрашан за најдоброто дело па кажал: „Намазот (молитвата) во своето време, а потоа чинењето добри дела кон родителите.“[1]
Во една пригода дошол некој човеккаја Аллаховиот Пратеник ﷺ барајќи дозвола од него да оди во борба на Аллаховиот пат, па Аллаховиот Пратеник ﷺ го запрашал: „Дали твоите родители се живи?“ Тој кажал: „Да.“ Пратеникот ﷺ рекол: „Кај нив ти е твојот џихад (борбата на Аллаховиот пат е и грижата за нив).“[2]
Дошол некој човек кај Пратеникот ﷺ и кажал: „Дојдов да ти дадам завет за хиџра (преселба кај тебе) и ги оставив своите родители расплакани.“ Пратеникот ﷺ му кажал: „Врати се кај нив и направи да се насмеат, како што направи да ги расплачеш.“[3]
Пратеникот ﷺ наредил одржување на врските со родителите па дури и да се немуслимани. Така, се пренесува од Есма бинт Ебу Бекр дека кажала: „Дојде мајка ми додека Пратеникот ﷺ беше жив, а таа беше од многубошците, па го запрашав Пратеникот ﷺ за одржувањето на врските со неа, а тој одговори: „Одржувај ги врските со неа!“[4]
Непослушноста кон родителите е еден од најголемите гревови, бидејќи Пратеникот ﷺ вели: „Големи гревови се: многубоштвото, непослушноста кон родителите, убиството и лажното сведоштво.“[5]
Исто така кажал:„Аллах го проколнол оној кој ги навредува своите родители.“[6]
Пртаеникот ﷺ за одржувањето на роднинските врски кажал: „Кој верува во Аллах и Судниот ден нека ги одржува роднинските врски.“[7]
И кажал: „Најдобра милостина е онаа дадена на твојот роднина кој го крие своето непријателство кон тебе.“[8]
Пратеникот ﷺ на Укбе б. Амир му кажал: „О Укбе, спои ја врската со оној кој со тебе ја прекинал, дај му на оној кој на тебе ти скратил и остави го оној кој неправда ти сторил.“ Во друго едно предание стои: „Прости му на оној кој неправда ти сторил.“[9]
[1] Бухарија, бр.496., Муслим, бр.122
[2] Бухарија, бр.2782., Муслим, бр.4623.
[3] Ахмед, бр.6202., Ебу Давуд, бр.2166., Несаи, бр.4093., и Ибн Маџе, бр. 2882.
[4] Бухарија, бр.2427., Муслим, бр.1671.
[5] Бухарија, бр.6182.
[6] Ахмед, бр.816.
[7] Бухарија, бр.5673.
[8] Ахмед, бр.14781., Дарими, бр.1617.
[9] Ахмед, бр.16696.
Comments