top of page
Writer's pictureinfoislam

Правото на живот во исламот


life

Нема сомнеж дека едно од најголемите права кои ги има еден човек е правото на живот и дека загрозувањето на ова право е едно од најголемите злодела кои сите луѓе ги осудуваат и ги сметаат за погубни.

Вели Возвишениот:

„Заради тоа Ние им пропишавме на синовите Израилови: ако некој убие некој кој не убил никого, или некој што не прави неред на Земјата – како сите луѓе да ги убил; а ако некој биде причина за нечиј живот да се сочува – како на сите луѓе животот да им го сочувал!“(Ел Маиде, 32)

И вели Возвишениот: „Не убивајте никого кого Аллах забранил, освен кога правдата го бара тоа.“ (Ел Исра, 33)

Пратеникот ﷺ за прашањето на убивањето бил многу строг, поради што го забранил секое средство кое води кон убивање и бесправно пролевање на крв, па затоа вели: „Кој ќе убие „муахид“ (немуслиман кој има договор со муслиманите) нема да го  почувствува мирисот на Џеннетот, а неговиот мирис се чувствува на раздалечина од 40 години одење.“[1]

И кажал: „Кој ќе убие немуслиман кој живее во муслиманска држава (т.е „ехлул зиме“) нема да го почувствува мирисот на Џеннетот, иако истиот се чувствува на 70 години одење.“[2]

Исто така кажал: „Кога двајца муслимани ќе се судрат со сабји и убиецот и убиениот ќе завршат во Огнот.“ Некој запрашал: „О Пратенику, јасно ни е за убиецот, но зошто убиениот?“ Па кажал: „Заради тоа што и тој се обидувал да го убие својот противник.“[3]

И кажал: „Кај Аллах е помала штетата да пропадне овој свет, отколку да се убие еден верник.“[4]

И кажал: „Кој на нас ќе подигне оружје, тој не ни припаѓа.“[5]

[1] Бухари, бр.2930 и Ибн Маџе, бр. 2676.

[2] Ахмед, бр.17387 и Несаи, бр.4668.

[3] Бухари, бр.30 и Муслим, бр.5140.

[4] Тирмизи, бр.1315 и Несаи, бр.3922.

[5] Бухари, бр.6366 и Муслим, бр.143.

0 views0 comments

Comments


bottom of page