top of page
Writer's pictureinfoislam

Пратеникот Мухаммед беше на услуга на своето семејство

„Тој беше нa услуга на своето семејство се додека наближуваше намазот, и потоа заминуваше да клања“

Ајша, сопругата на Мухаммед алејхи селам пренесува : „Аллаховиот Пратеник, нека Божјиот мир биде над него, ги крпеше сандалите, ги шиеше своите алишта и се движеше низ куќата како што секој од вас се движи во својата куќа. Ги молзеше овците и ги вршеше своите секојдневни работи. ( Тирмизи )

Ајша, Аллах нека биде задоволен од неа, исто така вели : „Тој ги крпеше своите алишта и им ставеше штикли на своите сандали“. Таа еднаш била запрашана : „Како се однесуваше тој со своето семејство, при што одговорила : „Тој беше на услуга на своето семејство се додека наближуваше намазот, и пота заминуваше да клања“.

Ибн Малик, Аллах да биде задоволен од него, пренесува: „Не сум видел никогаш некој да е помилостив со децата од Аллаховиот Пратеник, Божјиот мир нека е над него.( Муслим )

Ебу Хурејре, Аллах нека биде задоволен од него, пренесува дека : „Аллаховиот Пратеник никогаш не потценил никаква храна, ако му се допаднала, јадел, а ако не, не јадел . ( Бухари и Муслим )

0 views0 comments

Comments


bottom of page