top of page
Writer's pictureinfoislam

Пратеникот Нух а.с. и неговата барка

Пратаникот Нух, мир над него, бил испратен од Бог на својот народ. Тој народ се оддалечил од Божјите заповеди и припишувал еднаков на Бог.

Нух ги предупредил дека треба да му служат само на Бог и да го напуштат лажното обожување кое го воспоставиле во заедницата. Иако, пратеникот Нух го повикувал својот народ со исклучителна ело- квентност и мудрост, предупредувајќи ги за Божјата казна, тие го одбиле и продолжиле да Му припишуваат еднакви на Бог. Бог Му кажува на Пратеникот Нух дека ќе ги казни неверниците со потоп и давење. Тој, Величествениот, Го известил својот Пратеник дека Неговата милост ќе ги спаси верниците, оние кои ја прифатиле вистинската вера обожу- вајќи Го Едниот и Единствен Бог. „Ние Нух на народот негов сме го испратиле и тој остана меѓу нив илјада, помалку пеесет години, па потоа ги снајде потопот, за- тоа што на Аллах други за рамни му сметаа.“ (Куран; 29:14). Уништувањето на Нуховиот народ и спасувањето на верниците е опишано во Куранот. „Но, тие за лажен го сметаа, па само него и тие што беа со него во бродот ги спасивме, а тие кои во доказите Наши не веруваа ги потопивме! Навистина, тие беа вистински слепци!“ (Куран; 7:64). Кога настапило времето за казната, подземните води, комбинирани со поројните дождови, предизвикале огромни поплави. Се објавува дека пред да настапи поплавата Бог Му се обратил на Нух: Па Ние му објавивме: „Брод, пред очите Наши и според обја- вата Наша, гради, па кога заповедта Наша ќе дојде и водата на по- вршината на земјата ќе избие, ти во неа натовари од секој вид по два, мажјак и женка, и семејството свое, но не и тие од нив за кои претходеше Зборот, и не Ми се обраќај за насилниците, бидејќи навистина ќе бидат потопени.“ (Куран, 23:27)

За разлика од оние коишто се качиле на Нуховата арка, остатокот од племето било потопено, вклучувајќи го и синот на пратеникот Нух, кој мислел дека ќе најде засолниште високо на планината. „И беше кажано: ‘О, земјо, голтај ја водата твоја, а ти, о, небо, престани!’ И водата се повлече и се исполни одредбата, а бродот се закотви на планината Ел Џуди, и беше кажано: ‘Нека е далеку народот кој прави неправда!’“ (Куран, 11:44) Во споредба со пишувањата за поплавата во еврејските списи и различните културни верувања на другите луѓе, куранското кажување објавено од страна на Севишниот е единствен текст кој останал непроменет и претставува најрелевантно од сите други тврдења. Стариот Завет вели дека оваа поплава била универзална и го прекрила целиот свет.

За разлика од ова, во Куранот нема индикација дека поплавата била универ- зална.60 Археолошките докази и истражувања укажуваат дека поплавата се случила 3000 години п.н.е. и уништила една цела цивилизација и овозможила да се воспостави една комплетно нова цивилизација. Извр- шени се многу ископувања за да се истражи поплавата која била локали- зирана на Месопотамската висорамнина.61 Ископувањата ги водел Чарлс Леонард Вули од Британскиот музеј и Универзитетот на Пенсилванија во областа помеѓу Багдад и Персискиот Залив. Притоа најдени се гробишта на сумерските благородници, гравури и скапи пехари, вазни и бронзени послужавници, мозаици и сребро кои ги опкружувале остатоците на телата кои се распаѓале во прашината. На одредена длабочина слојот од кал што дотогаш го среќавале, одеднаш завршил, како што ненадејно и почнал. Под тој слој наишле на дебел слој на глина и тука нашле докази за човечки населби.

Ископувањата во регионот откриле траги на поплава во четири главни града на Месопотамската висорамнина: Ур, Ереџ, Киш и Шуропак. Овие градови, според истражувањата, биле погодени од поплава од пред 3000 години. Најстарите остатоци на цивилизација во градот Ур (денешен Тел Ал Мукајар) датираат од пред 7000 години п.н.е. Civil, M. 1969.The Sumerian Flood Story. In W. G. Lambert and A. R. Millard, Atra-hasis: The Babylonian Story of the Flood (Oxford: Clarendon Press). Уште еден град кој ја искусил поплавата е градот Киш (денешен Тал Ал Ухајмер). Друг град е Шурпак (денешен Тал Фарах) и таму се пронајдени докази и евидентни траги за поплавата. Кај овој град биле пронајдени три слоја на населби коишто се протегале од доцниот праисториски период се до 3-тата династија на Ур (2112 – 20014 п.н.е). Остатоците покажуваат дека се работело за високо развиени општества на крајот на 4 милениум п.н.е. Последната населба која содржела докази е градот Ереџ , јужно од Шурупак, и тоа е денешниот град Тал ал Варка. Реките Еуфрат и Тигар ја делат Месапотамија од едниот до другиот крај. Се чини дека во тој период овие две реки се преплавиле заедно со сите други извори на вода, и заедно со дождот формирале огромна разорувачка поплава.

Епот на Гилгамеш и кажувањето за Нух беа споени длабоко под Месопотамската пустина. Овој феномен е забележан и во Куранот. Кога се сумирале заклучоците од научниците се увидело дека поплавата ја покрила целата Месапотамска долина. Од 1829 година се правени обиди за пронаоѓање на Ноевата Арка на планината Арарат, Турција, а во 1955 година Французинот Фернард Навара (Fernand Navara) на височина од 4250 м пронашол дрвена маса63 која наликувала на арка. Тоа што е чудно е дека местото е глечер на кој нема ни дрвја ни населби. Од Нух, започнала цивилизацијата и технологијата, а со изградба- та на Арката се развила бродоградбата и поморството. Со доаѓањето на Ное нешто ново влегува во рамката на јудео-христијанското гледиште. Наводно, Ное бил првата личност со кого Бог влегол во завет. Овој завет според тоа бил доста едноставен и ограничен, а многу малку детали во однос на заветот се кажани во Битие (Прва Книга Мојсеева). Всушност, само деталите наведени во Битие во врска со овој завет се дека Ное треба да ја изгради Арката и да ја „наполни со животни од земјата“, дека Бог никогаш повторно нема да го уништи целото човештво преку поплава, и Неговото ветување е исполнето. Бог му наредил во арката да се качат сите од неговото поблиско семејство. Паѓа во очи дека не постои ништо во овој текст од Битието за монотеистичкиот начин на обожување.64 Бог овие вести за Нух ги пренел во сите познати списи. Нух се сме- та за втор татко на човештвото, кое потекнува од тројца негови синови: од Сем потекнуваат семитите (Арапи, Асирци, Вавилонци, Феникијци, Евреи, Арамејци и др.), од Хам (хамити) – тоа се црнците, потоа на- родите во Северна и Источна Африка – Бербери, Туарези, а од Јафет потекнуваат останатите народи.

Сето тоа било со цел луѓето денес тие докази да ги имаат како сведоштво, односно како поука и лекција за ид- ните генерации. Преку пратениците и книгите, Тој испратил упаство на различни општества. Но, секој пат кога човештвото ќе застранило или ќе тргнало по погрешен пат, или ќе ја одбиело пораката на пратеници- те, тоа резултирало или со казна или со уништување, и само мал број верници успевале да продолжат и да го следат Божјиот закон и Упаство.

0 views0 comments

Comments


bottom of page