Вредноста на некој човек, во визија на Пратеникот Мухаммед, саллаллаху алејхи ве селем, извира од вредноста и идеалот на кој се придржува, како и од убавите особености кои извираат одвнатре и стануваат однесување и видлива стварност. Поради ова тој кажал: „Аллах негледа во вашите ликови и имот, туку гледа во вашите срца и вашите дела.“
Кој ќе размисли за кажувањата на Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, ќе види дека сите тие повикуваат во една цел, а тоа е чистотија и совршенство на душата. Овој факт го потврдува следниот хадис кој гласи: „Јас сум испратен да го усовршам убавото однесување.“
Иако човек има потреба за образование, неговата потреба за вредности, карактерни особини и добри постапувања е уште поголема. Причината за несреќа, како што се неправда и тиранија во едно општество е недостаток на морал, но не и недостаток на знаење.
Оттука убавите карактерни особини се главна карактеристика на Пратениковата мисија. Тој повикал во правда со сите нејзини значења, повикал да се постапува праведно со секого, повикал во сомилост кон животните, во благост, поверение, храброст, понизност, извршување обврски, сигурност и убав говор. Исто така, неговата визија опфаќа прашања на урамнотеженост и умереност, дали да се работи за размислување или начин на однесување.
Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, повикал во тоа да времето се искористи во најдобар начин и во одговорност, а неговата мисија во која истрајувал била сериозност, дозволен начин на заработка и самоконтрола. Тој исто така се насочил и кон поединецот и го повикал да се грижи за себе, за својот надворешен изглед, да го сочува своето здравје преку хигиена и лечење ако за тоа има било каква потреба. Пратеникот, саллаллаху алејхи ве селем, повикувал во воспоставување на општество изградено преко почитување на човековите животи и убави карактерни особености, општество кое води љубов и пријателство, а во кое сето тоа ќе биде засилено со доброволни активности за општа корист.
Тој поставил и некои начела на заедничко дејствување како што се: договарање, пропишаност на борбата против неправдата доколку постои и поставил и правила на војување и борба, што е многу битно за денешниот човек.
Тој имал и визија на среќа, оптимизам и хумор. Сето тоа го поклонувал на оние чиво срце е исполнето со грижа и тага. Денес на човештвото најпотребно, без обѕир на нивното разликување по прашање на вера и нација, остварување на човековите права за да луѓето бидат среќни. Сега да поминеме на објаснување на она што беше кажано во воведот.
Comentários