Сите пратеници се браќа и нив Аллах ги испратил за дса на луѓете им укажат на вистинскиот пат и за да ги изведат од темнина на светлина. Заради тоа Аллах го сторил верувањето во нив како услов и темел на иман. Возвишениот вели:
Кажете: „Ние веруваме во Аллах, и во тоа што ни се објавува, и во тоа што му беше објавено на Ибрахим, и на Исмаил, и на Исхак, и на Јакуб, и на внуците; и во тоа што му е дадено на Муса, и на Иса, и во тоа што им е дадено на веровесниците од Господарот нивен; ние не правиме никаква разлика меѓу нив и ние само Нему Му се покоруваме.“(Ел бекаре, 136)
Затоа оној кој ќе негира еден пратеник станува неверник во Аллах и ги порекнал сите пратеници, поради што еден муслиман неможе да се нарече муслиман доколку неверува во сите пратеници и веровесници.
Кажува Пратеникот а.с.: „Јас сум најблизок човек на Иса синот на мерјем, на овој и на оној свет, а сите веровесници сее браќа по татко, мајките им се различни, а верата им е една.“[1]
Исламските учени велат дека значењето на овој хадис укажува дека темелите на верувањето им се исти, а тоа е верувањето во акидата на теухидот, а прописите и законите им се различни, така што тие се сложни на темелот на теухидот, а кога се во прашање делови од шеријатот во тоа се разликуваат.“[2]
Пратениковото алејхи селам почитување и величање на останатите веровесници се огледа во тоа дека тој не ги сметал едните подобри од другите. Така од Ебу Хурејре, р.а., се пренесува дека кажал: „Во една прилика некој Евреин ја изложил својата роба и за неа му било дадено нешто што тој го мрзел и потоа кажал: ‘Не, се колнам во Оној кого Муса го одликувал над останатите луѓе!’ Тоа го слушнал еден од енсариите и станал и му врзал шлаканица, кажувајќи му: ‘Го говориш тоа а Пратеникот Мухаммед е помеѓу нас.’ После ова овој Евреин отишол кај пратеникот Мухаммед а.с. и кажал: ‘ О Ебу ел Касим, јас имам уговор и заштитен сум, па каква е состојбата на оној којшто ме удрил?’ Пратеникот а.с. го запрашал енсаријата: ‘Зошто си го удрил?’, па овој му споменал за причината. Пратеникот а.с. се налутил така што тоа му се идело на неговото лице и кажал: ‘Немојте едни Пратеници да сметате дека се подобри од другите!’“[3]
Од Енес б. Малик се пренесува дека кажал:„Дошол еден човек кај Аллаховиот Пратеник а.с. и кажал:’О ти најдобро суштество.’, а Пратеникот а.с. му одговорил и му кажал: ‘Тоа е Ибрахим, алејхиселам.’“[4]
Исто така за Пратеникот а.с. се пренесува дека кажал: „Не му личи на еден роб да каже: ‘Јас сум подобар од Јунус б. Мета.’“[5]
Кажано му е на Пратеникот, а.с.: „О Пратенику, кој човек е најплеменит?“ Пратеникот а.с. кажа: „најплеменит е оној кој е најбогобојазен.“ Присутните кажаа:„Не те прашавме за тоа!“ Пратеникот а.с. кажа: „Тогаш Јусуф, син на Аллаховиот Пратеник, кој исто така е син на Аллаховиот пратеник, кој е син на Аллаховиот пријател(халил).“ Присатните повторно кажаа: „не те прашавме за тоа!“ Тој тогаш им кажа: „Тогаш ме прашувате за потеклото на Арапите и нивните племиња. Тие што биле најдобри луѓе во незнабоштвото, тие се најдобри во исламот, само доколку се подучат на верските прописи.“[6]
[1] Бухарија бр.3187 и муслим бр. 4362
[2] Имам Невеви, коментар на Муслимовата збирка на хадиси, бр.119/15
[3] Бухари бр.3162
[4] Муслим бр.4367
[5] Бухари бр.3144 и Муслим бр.4381
[6] Бухари бр.3144 и Муслим бр. 4383
Comments