Христијаните тврдат: Ниеден Божји пророк никогаш не потпаднал под бесовско дејство да халуцинира и на јаве да го гледа она што не постои.
Одговор:
Првиот вид на Објава за Аллаховиот Пратеник,а.с., била „ер руја ес садик“, вистинити соништа. Тие соништа доаѓале јасно како зазорување на зората, а веднаш после тоа тоа сакал да се осами,и тоа го правел во пештерата Хира.Секој пат бил се повеќе побожен и богобојазлив. Поминувал по неколку ноќи во ибадет-обожувајќи го Бог, а пред да замине во Хира го снабдувал домот со се, ја посетувал Хатиџа, р.а., па дури тогаш заминувал во осаменост. Тоа траело до појавата на ангелот, кој што дошол кај Аллаховиот Пратеник,а.с., во пештерата Хира. Џибрил му кажал:,,Читај!“,а Мухаммед а.с, му одговорил: „Јас не знам да читам.“ ,па продолжил: „Потоа ме зеде, па ме привлече кон себеси, а потоа ми остргна од себеси. Тоа го направи силно и јако три пати, а по третиот пат кажа: ,Читај во името на Господарот твој кој создава, го создаде човекот од грутка крв! Читај, зошто Најблагороден е Господарот твој, Кој поучува со перо, Кој го подучува човекот за она што тој не го знае.“ Сахихул Бухари 1/2,3; Бухари овој хадис го извадил од книгата „Тефсир и толкување на руја’ (Има помали разлики во текстот на едниот и другиот хадис.)
Аллаховиот Пратеник а.с., се вратил возбуден и исплашен,влегол кај Хатиџа,р.а., и рекол: „Покријте ме!“ Го смириле се додека не зи заминал стравот од него, потоа и рекол на Хатиџа,р.а., Што му се случи!“, па и ја раскажал новоста и и рекол: „Стравував за себе.“, а Хатиџа,р.а. му рекла: “Не се колнам во Аллах,Аллах никогаш нема да те посрамоти.Ти си човек кој што ги посетува роднините, внимава на сиромашните,ги снабдува сиромашните,го угостува гостинот,секогаш помага и истрајува на вистината.’
Хатиџа заминала со Мухаммед.а.с., кај својот братучед од чичко кој што се нарекувал Верека ибн Нефвел ибн Есад ибн Абдул-уза. Во предисламскиот период тој го примил христијанство и знаел да пишува на хебрејски, па го препишувал Евангелието. Тој бил слеп и со седа коса. Го затекнале како го препишува Ел Китабул Ибранијј. Хатиџа,р.а., му рекла: „О роднино, слушни ја приказната на синот од твојот брат!“, па Верека кажал: Раскажувај ми роднино,што има:“ Аллаховиот Пратеник,а.с., го известил за настанот кој што се случил во пештерата Хира.Верека го слушал и му рекол: „Тој бил Божјиот поверник кој што Аллах го испратил и кај Муса, Ех, да бев помлад,ако Бог даде да бидам жив кога твојот народ ќе те прогони!“
А, Аллаховиот Пратеник,а.с., кажал: „Зарем тие ќе ме прогонат?“ „Да, знај дека ниту еден којшто доаѓал со ова како и ти, не бил без непријател.Ако дочекам тој ден, од се срце че ти помогнам!“ Меѓутоа, Верека набргу починал,а Објавата престанала. Текст од таберани,II/207.
Г.Р.Милер е математичар и христијански теолог. Тој бил активен во христијанското мисионерство во одреден период од животот но наскоро почнува да открива многу недоследности во Библијата. Во 1978 година, го чита Куранот, очекувајќи да го најде истото, да поседува мешавина од вистина и лага. Всушност тој го прифаќа исламот воодушевен од куранските факти. Тој вели:
„Од една страна постои голема група на луѓе кои го истражувале Куранот стотици години и кои тврдат: „Една работа знаеме со сигурност, Мухаммед иако бил Пратеник, бил луд!“ Тие се убедени дека Мухаммед а.с. на некој начин бил залуден. Од друга страна постојат луѓе кои го клеветат целосно и велат: „Мухаммед бил измамник!“ Иронично е што двете групи неможеле да настапат заеднички, без да имаат конфротација. Всушност во многуте дела за исламот се наведуваат и двете мислења. Почнуваат со наведување дека Мухаммед а.с. бил луд, а завршуваат со тврдење дека бил измамник и лажливец. Изгледа дека неможат никако да разберат дека истовремено двете работи не одат заедно. На пример ако некој е луд и навистина се умисли дека е Пратеник, тогаш не седи цела ноќ и не размислува за тоа како да постапи со луѓето и како да ги измами. Тој едноставно си верува дека е Пратеник и верува дека одговорот ќе му дојде со објавата. Всушност, факт е дека поголемиот дел од Куранот е објавен како одговор на прашања. Некој нешто би го запрашал Мухаммед а.с. и одговорот би му стигнал по пат на објава. Сигурно дека ако некој е луд и верува дека ангел му ја носи објавата, тогаш навистина и мисли дека одговорот ќе му го даде ангел. Заради тоа што е луд, тој навистина и мисли дека е така. Нема да каже на никого, да почека малку па потоа да отиде до пријателот и да го запраша за одговор на тоа прашање.
Овој начин на појаснување е за некој кој неверува дека е навистина Пратеник. Тоа што упорно е во главите на некои немуслимани е тоа дека неможе да се биде измамник и луд истовремено. Или сте луд или сте измамник. Или Едното или ниедно, но сигурно не и двете. Поентата е во тоа што овие две особини се исклучуваат една со друга. Ако ги запрашаш таквите: „Од каде потекнува Куранот?“ Ќе ти одговорат дека доаѓа од свеста на човек кој бил луд. „Ако е од неговата глава, од каде тогаш ги добил сите тие информации кои се наоѓаат во него? Сигурно е дека Куранот спомнува многу работи кои биле непознати за Арапите. “Тогаш таквите ќе ја сменат позицијата и ќе кажат:„можеби не бил луд. Можеби некој странец му ги дал информациите. Потоа истиот тоа го пренесувал на луѓето и ги лажел дека е Пратеник.„Ако е така како што велите, од каде има толкава самодоверба и сигурност дека е Пратеник. Зошто се однесувал на тој начин? “
И пак истиот заборавајќи дека тоа го решивме ќе каже: „Па можеби не лажел, најверојатно бил луд и мислел дека е Пратеник.“ На тој начин пак ќе се вртиме во круг.“ На негово изненадување, открива дека пораката на Куранот е потполно иста како суштинската вистина која ја извлекол од Библијата. Тој станува муслиман и оттогаш е активен во јавно презентирање на исламот, вклучувајќи и радио и телевизиски појавувања. Тој е автор и на неколку текстови и публикации за исламот.
И овој цитат од куранот не е оправдување: „Пред тебе, ние не сме испратиле ниеден пратеник и известувач на верата, во чие кажување не би додавал нешто ѓаволот; Аллах го отклонуваше она што ѓаволот го додаваше, а потоа ги зацврстуваше своите зборови (Куран 22:52).“ Ова е показател познат на историјата дека многумина од Пратениците меѓу нив и Исус биле доведувани во искушенија и самите знаеме какво искушение имал Исус со ѓаволот во пустината. Зарем не го зел ѓаволот Исуса и не го искушал. Во евангелието по Матеј 4 поглавје стои:
8 Потоа Ѓаволот го одведе на една мошне висока планина и му ги покажа сите царства на светот и нивната слава, 9 па му рече: „Сето ова ќе ти го дадам ако паднеш и ми се поклониш“. 10 Тогаш Исус му рече: „Бегај, Сатано! Зашто, напишано е: ‚Јехова, својот Бог, обожавај го и само нему служи му!‘ “* 11 Тогаш Ѓаволот го остави. И гледај, дојдоа ангели и почнаа да му служат. Освен тоа, Ѓаволот му рекол на Исус дека ќе го награди ако му се поклони. Бил спремен дури и да му ги даде сите царства на светот. Ѓаволот би можел и нас да нѐ искуша на сличен начин. Можеби ќе ни понуди примамливи можности да стекнеме богатство, власт или углед. Ќе бидеме мудри ако го следиме примерот на Исус и ако му останеме верни на Бог без разлика со какво искушение ќе се соочиме. Освен тоа, не заборавај дека Ѓаволот го оставил Исус „чекајќи друг поволен момент“ (Лука 4:13). Истото го прави и со нас, па затоа мора постојано да бидеме внимателни.
Како што рековме во библијата има наведено многу пострашни работи за пратениците кои ние ги одбиваме и не може да ги прифатиме како веродостојни. Според тие приказни Авраам е лажго и полош од тоа, Ное е пијаница, Мојсеј е убиец, Лот е пијаница и врши инцест, Соломон обожувал лажни божества, Давид вршел блуд со туѓа жена а потоа извршил убиство на нејзиниот сопруг, Арон ја направил златната крава и идол на обожување и ова е само дел од обвинувањата кон пратениците. Извадоците кои се наведени за наводните халуцинации за Пратеникот се доста слаби и неавтентиќни а многу од нив и лажни иако се наведени дека се наоѓаат во Бухарија и слично. Но за труењето кое бил засегнат и кое се случило треба да се знае дека Пратеникот а.с. живеел уште четири години после тоа. Труењет всушност немало никаков ефект врз неговиот живот. Тој ги уништи лажните божества во Мека и тоа е она што го очекуваа ново дојдените еврејски племиња, да се појави човек од племето на Ишмаилитите и да ги уништи тие лажни божества.Тоа бил и учениот и поглавица на евреите во Медна Абдуллах Селам кој го прифатил исламот и ги повикал своето племе да го стори истото. Евреите го имаа отруено Пратеникот со намера да дознаат дали е лажливец и поради тоа многумина се убедија дека не е лажливец (Бухарија, Книга 003, број, 786) Со самото настапување на смртта на Пратеникот се ослободило задржаното дејство на отровот и тоа освен што Пратеникот го направило да почине како пратеник тој починал и како маченик. Што е почест. Во врска со магиите треба да напоменеме дека тие му се случиле како што се му се случувала и некоја болест или главоболка бидејќи тој сепак имал човечки овосветски доживувања и во поглед на овосветските настани во кои доживеал некои настани кои не влијаеле врз неговото пратеништво и во доставувањето на Божјата порака. Во нив е доставена и пораката како Пратеникоти тој се излечил и воедно укажале на начинот како ние да се лекуваме од магии со детали и упатство кое се доставени досега во најобимен говор преку Куранот и многубројните хадиси. И навистина, тоа исламските учени добро го познаваат и од животот на Пратеникот изведени се многубројни корисни насоки освен во начинот на хигиена, на начинот на вршење на сполни брачни односи, потоа за видовите на магии, како да се отклонат, како да се пристапи кон лечење што е секако специјализација сама по себе.
Ние муслиманите цврсто веруваме дека оргиналната Тора што му е објавена на Мојсеј и Евангелието што му е објавено на Исус се изгубени пред појавата на Мухаммед алејхи селам и дека од нив во ова време имаме само две историски книги во кои се заплеткале вистински и лажни преданија. И не велиме дека тие биле сочувани до појавата на Мухаммед алејхи селам и дека нивното искривување наследи по тоа. Ниту еден муслиман тоа не го тврди. А што се однесува до посланијата на ап. Павле, тие се во основа неприфатливи, бидејќи ние муслиманите го сметаме за еден од многубројните лажливци кои се појавиле во 1- от век, чија задача била да ја искриви верата на Исус, а апостолите се ученици на Исус и негови искрени следбеници. Веруваме дека биле побожни, но неверуваме дека биле веровесници. Нивните зборови, за нас се зборови на вредни ученици кои се обидувале самостојно да решат некои верски прашања, а подложни биле на грешење. Губењето на оригиналното Евангелие и ланецот на неговите преносители во 1-виот и 2-от век, ја симнува сета одговорност од зборовите на апостолите, а особено поради тоа што тие, во многу случаеви, не разбирале што тоа Исус сакал да им каже, што се приметува многу јасно во денешните Евангелија поради (општувањето) на неговите зборови. А што се однесува на Марко и Лука тие не се апостоли и не постои ниту еден доказ дека објавата им доаѓала од Бога, а немале чест ниту да го видат Исус.
Муслиманите треба да се свесни дека денес човештвото и цивилизацијата е во голема потреба за праведна цивилизација која ќе ни даде вера и надеж, а при тоа да не ја одземе науката, која ќе ни даде духовност, а притоа нема да ни ги изгуби материјалните добра, која ќе ни даде подобар живот после смртта, а нема да ни го забрани убавото и доброто од овој свет, која ќе ни даде морал, а нема да му ја одземе слободата. Таква интегралност и такава рамнотежа е исламот и неговото присаство ќе биде обезбедено на сите улици и на сите меридијани како што навестил Мухаммед алејхи селам пред 1400 години.
Голем број на луѓе ова ќе го разбере дури пред самиот крај на светот. Тогаш сите луѓе ќе разберат дека исламот е единствената идеја која е моќна да изгради силна, урамнотежена и потполна личност која оди по Земјата, но тежнее кон небесата, живее во реалноста, но копнее по идеалноста, работи за овој, но не го заборава оној свет; го користи своето право, но незаборава на обврските; соработува со суштествата, но незаборава на Создателот; го сака својот народ, но не ги заборава останатите луѓе.
Се надевам дека луѓето кои го делат мислењето на овој ѓакон и на многу други христијани после овој одговор кој е надоврзан на овој текст колку толку ќе им ги разјасни некои работи. Доколку некои сегменти не им се јасни слободно нека дадат свој коментар и видување на текстот подоле или нека испратат мејл на info.islamski@gmail.com
Сите поглавја погоре се превземени од христијански извори
Користен е и извадок од „Муџизите на Мухаммед алејхи селам “ – Хафиз Ибн Кесир
Користени се извадоци од книгата „Од Исус до Мухаммед и „Триумф на Вистината.’
Comentarios