top of page
Writer's pictureinfoislam

Прва исламска банка во Русија

МОСКВА (AA) – Во Русија овој месец ќе биде отворена првата исламска банка и тоа во Казан, главниот град на руската федерална единица Татаристан, јавува Anadolu Agency (AA).

Банката која на рускиот пазар ќе работи според принципите на исламското банкарство ќе делува како подружница на банката “Tatagroprombank”.

Основањето на таква банка овозможено е со законските реформи кои во јануари оваа година ги изгласа Дума, а кои овозможија исламските принципи на банкарството да бидат соодветни на рускиот пазар.

Целта на првата банка со исламските принципи е привлекување на инвестиции од исламскиот свет, а накнадно ќе биде потпишан и договор за соработка со Развојната банка со седиште во Саудиска Арабија.

0 views0 comments

Comments


bottom of page