Со воспоставување на праведен општествен систем се анулираат неправдата и се намалува злото во едно општество. Всушност, таков општествен систем бил воспоставен уште пред 1400 години со прогласувањето на „Мединскиот Устав“ во кој муслиманите и Евреите биле обврзани со 52 члена како да се однесуваат во едно заеднички уредено општество. Во некои од тие уставни акти директно потпишани од Мухаммед (нека е Божји мир врз него) се вели:
Член 12а. „Верниците нема да остават ниеден свој член под теретот на тешки обврски а да не платат за него, од чувство на доброчинство и солидарност, било откуп или по цена на крв.“(солидарност);
Член 13. Богобојазните верници мора да му се спротистават на насилникот или на оној кој прави неправда или злосторство, ги крши правата и внесува немир помеѓу верниците…;
Член 22. На ниеден верник, потписник на овој документ кој верува во Бог и Судниот ден, не му е дозволено да ги помага убијците, ниту да им пружа заштита. Во спротивно го очекува лутината Божја и проклетство на Денот на проживувањето;
Член 16. Оние Евреи кои ќе се поврзат со нас стекнуваат право на наша подршка и помош, никој нема да ги понижува ниту ќе ги помага нивните непријатели;
Член 25 а. Евреите нека си ја следат својата вера, муслиманите својата, без разлика дали се работи за нив самите или нивните клиенти;
Член 25.б Оној кој ќе малтретира други или ќе стори злосторство ќе си нашкоди на самиот себе и на своето семејство;[1] Spahic, M. Povijest Islama. Sarajevo. 2008.162-164 str.
Тоа што може да се заклучи е дека:
Тие сочинуваат една заедница(уммет) без разлика на другите луѓе.
Верниците нема да остават свој член под товар и обврска (долг и семејство) а да не го помогнат со добродетелство.
Богобојазните верници треба да бидат против насилниците помеѓу нив или против оној кој прави било која врста на неправда, насилство, грев, неппријателство или неред помеѓу верниците. Сите мораат да бидат против таквиот дури некој бил и дете на некој од нив.
Верникот несмее поради неверник да убие верник. Тој нема да помогне неверник против верник.
Верниците се навистина едни на други помагатели и заштитници без разлика на останатите луѓе.
Оние евреи кои се членови на државата се стекнуваат на право на помош и подршка. Никој нема да им прави неправда ниту на некој ќе му помогне против нив.
Богобојазните верници се наоѓаат на најјисправното и најјубавото упатство.
Евреите ќе ги делат трошоците со верниците се додека се наоѓаат под воено дејство.
Евреите на племето Бену Ауф шрават заедница со верниците. Евреите ја имаат својата вера, а муслиманите својата. Ова важи за нив самите, а и нивните штитеници. Оној кој прави насилство, или греши, нема да упропасти никого освен себе и своето семејство.
Евреите треба да ги намират своите трошоци, а муслиманите своите.
Ќе се потпомагаат сите меѓусебно против непријателите на потписниците на оваа повелба, и едни со други ќе се потпомагаат во правење на добро, а не на зло.
За сите спорови и несогласувања помеѓу потписниците на оваа повелба за кои се стравува дека можат да предизвикаат неред треба да се обрати на Аллах и на Мухаммед, Аллаховиот Пратеник.
Меѓу нив (потписници на повелбата) мора да биде меѓусебното потпомагање против оној кој ќе го нападне Јесриб(Медина).
Оваа повелба нема да заштити насилник и грешник од одговорност. Сигурен ќе биде оној кој ќе излезе од медина оној кој ќе остане во неа, само не оние кои неправда или грев чинат, а Аллах е со оние кои чинат доброчинство и кој е богобојазен и Мухаммед е Аллахов Пратеник.
На овие основи бил оформен првиот исласмки поредок и држава. Мединскиот Устав бил прв Устав во светот. Сите поранешни устави (Атински, Конфучиев, Аристотел) само биле упатства со кои се управувале владетелите.
Comments