top of page
Writer's pictureinfoislam

Првиот човек на планетата – Адем (Адам), алејхи селам, и првата жена Хава(Ева)

Кога Возвишениот, го создал Адем, алејхи селам, од него потекнале сите кои ќе бидат физички создадени сè до Судниот ден. Поради тоа Возвишениот, ги собрал, па ги создал и им дал лик.

На секоја личност помеѓу очите и пишувало колку ќе живее. Возвишениот, од луѓето зеде обврска и тие посведочија со ,,Да”. Возвишениот, тогаш им рече: ,,Ги повикувам за сведоци седумте небеса, седумте земји и вашиот татко Адем, за да не кажете на Судниот дендека за ова не знаевте. Знајте дека нема друг Бог и Господар освен Мене. Немојте да ми сметате никој рамен. Ќе ви испраќам пратеници кои ќе ве предупредуваат на ветувањето и договорот кој Ми го дадовте и ќе ви испратам Книга.”[1],,Сведочиме дека Ти си единствениот Господар и Бог и дека не постои друг господар ни Бог,”– одговорија и така покажаа покорност. Адам бил првиот создаден човек и веровесник кој ја примил Објавата. Со него била создадена и Ева (ар.Хава), која е создадена од истоветна супстанца. Подоцна од нив двајца се развил целиот човечки род. Првиот човек е создаден од земја, односно од материја, и првиот човек нема ниту татко, ниту мајка. Бог создава според принципот: „Биди“ и тоа „Бива!. Ваквото директно создавање на Адам ќе се случи и при создавањето на Исус, алејхи селам. Бог го создал Адам а.с. во најубав облик и вдахнал во него душа. Според Библијата, Бог го создал човека „Според образот Свој“ што е антропоморфизам и подоцна истиот стих ќе биде искористен од страна на некои христијански толкувачи како референца врз која ќе се базира Тројството и верувањето дека Исус е Бог, што секако еврејската традиција го негира и го отфрла. Приказната за Адам и Ева имаат доста сличности во Библијата и Куранот со некои мали, но битни разлики. Набргу по создавањето Бог им наредува да не јадат од посебното дрво во џеннетот (рајот), бидејќи со тоа ќе си наштетат и таквото нивно дело ќе биде престап кон Бог.

„И Ние рековме: ‘О, Адеме, ти и твојата женаживејте во џеннетот[2] и јадете од него од каде што сакате, но не приближувајте се до ова стебло, па со тоа неправда да си сторите!’“ (Куран; 2:35)

Според Библијата, Бог рекол дека ако јадат од тоа дрво, тие ќе умрат.

„Освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ (Библија; Битие, 2:17)

Според Библијата, ова предупредување било дадено на Адам пред создавањето на неговата сопруга, Ева. Сепак, Куранот го коригира ова и споменува дека во времето на предупредувањето Ева веќе постоела и тоа предупредување се однесувало на двајцата. Сатаната постојано намамувајќи, според Библијата дошепнал на Ева дека доколку јадат од тоа дрво тие никогаш нема да умрат, што е спротивно на она што Бог претходно го предупредил Адам. Според Библијата жената е таа која била заведена и таа каснала од плодот и му го дала на Адам.

„.. и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.“ (Библија;Битие, 3:6)

Во Куранот, Бог не го става товарот на гревот на жената, туку таа ја дели тежината на гревот, зошто е јасно дека и двајцата биле заведени од Сатаната и дека двајцата се подеднакво одговорни за тоа.

„Но, шејтанот ги намами да сторат грев и ги изведе од местото каде што живееја! – ‘Слезете!’- им рековме Ние. ‘Едни на други ќе бидете непријатели до одреденото време! Земјата ќе биде ваше живеалиште и уживање некое време!’“ (Куран, 2:36)

И човекот рече: таа ми даде од дрвото, и јас јадев.“ – (Библија; Битие, 3:12)

Овде Адам јасно ја обвинил жена му, како таа да е виновникот, додека подоцна ќе видиме преку читањето на тоа поглавје дека таа го завела Адам и дека Адам ја послушал својата сопруга и дека под нејзино влијание го јадел овошјето,[3] наместо под влијание на сатаната. Куранот го коригира оваа и јасно укажува дека сатаната ја довел во заблуда жената, но тој, исто така, го завел и човекот. Овој чин на Адам и Ева кои го јадат забранетиот плод е означен од страна на денешното христијанство како грев. Црквата вели дека поради овој грев сите луѓе се раѓаат носејќи го тој прародителски грев. Едно новороденче според денешното христијанството е родено со грев. Куранот вели дека по јадењето од забранетото дрво, Адам се покајал и Бог му простил, бидејќи Бог е Најмилостив и многу простува. Човекот по природа е создаден да прави гревови, било мали или големи гревови. Бог ја знае ова природа на човекот, затоа што Тој е Создателот. Од друга страна, Бог е Сомилосен и Тој ќе му прости на човекот, ако тој искрено се покае. Да не правеа гревови луѓето, Бог немаше ни да ги создаде. Но иако се раѓаат невини, Бог сака луѓето кога ќе погрешат да Му се покајат и да ветат дека нема тоа да го повторат. Бог кој е Најмилостив тогаш ќе им прости на своите суштества и на Судниот ден овој чин нема да биде против него. Лекцијата што Бог сакаше да им ја даде на целото човештво беше: Простување, наместо исконскиот грев. Исламот нè информира дека сите новороденчиња се родени безгрешни. Со тоа Бог го создал човекот невин – Човекот прави грев – Човекот се свртува кон Бог за прошка – Бог му простува на човекот бидејќи Бог е Најмилостив.

Од Адем и Ева потекнува целото човештво и сите ние сме деца на Адам и негови потомци. Синовите на Адам, Хабил и Кабил, се првите кои започнуваат со пролевање крв, односно Кабил, поведен од своите страсти, неправедно го убива својот брат Хабил. Адем, алејхи селам, и според Библијата и според Куранот, имал и трет син Шит или Сет. кој исто така примил Објава. Адем и Шит живееле над 900 години.

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page