top of page
Writer's pictureinfoislam

Првите луѓе на планетата –Адем (Адам) и Хава (Ева)

Кога Возвишениот, го создал Адем, мир над него, од него потекнува- ат сите оние кои ќе бидат телесно создадени сè до Судниот ден. Поради тоа Возвишениот, ги собрал, па ги создал ѝ им дал лик. На секоја личност помеѓу очите ѝ било запишано колку ќе живее. Возвишениот, од луѓето го прифати дадениот збор и тие посведочија со ,,Да”.

Возвишениот, то- гаш им рекол: ,,Ги повикувам за сведоци седумте небеса, седумте земји и вашиот татко Адем, за да не кажете на Судниот ден дека за ова не знаевте. Знајте дека нема друг Бог и Господар освен Мене. Немој да ми сметате никој рамен. Ќе ви испраќам пратеници кои ќе ве предупредуваат на вету- вањето ваше и договорот кој Ми го дадовте уште кога бевте само души и ќе ви испратам Книга.” ,,Сведочиме дека Ти си единствениот Господар и Бог и дека не постои друг господар ни Бог,” – одговорија и така ја по- кажаа својата покорност. Адам бил првиот создаден човек и веровесник кој ја примил Објавата. Со него била создадена и Ева (ар.Хава), која е соз- дадена од истоветна супстанца. Подоцна од нив двајца се развил целиот човечки род. Првиот човек е создаден од земја,56 односно од материја, и првиот човек нема ниту татко, ниту мајка. Бог создава според принципот: „Биди“ и тоа „Бива!. Ваквото директно создавање на Адам ќе се повто- ри и при создавањето на Исус, мир над него. Бог го создал Адам а.с. во најубав облик и вдахнал во него душа. Според Библијата, Бог го создал човека „Според образот Свој“. Приказната за Адам и Ева има доста сличности во Библијата и Куранот со некои мали, но битни разлики. На- бргу по создавањето Бог им наредува да не јадат од посебното дрво во џеннетот (рајот), бидејќи со тоа ќе си наштетат и таквото нивно дело ќе биде престап кон Бог.

„И Ние рековме: ‘О, Адеме, ти и твојата жена живејте во џен- нетот58 и јадете од него од каде што сакате, но не приближувајте се до ова стебло, па со тоа неправда да си сторите!’“ (Куран; 2:35) Според Библијата, Бог рекол дека ако јадат од тоа дрво, ќе умрат. „Освен од дрвото за познавење на доброто и на злото; од него не јади; зашто во оној ден кога ќе вкусиш од него, ќе умреш.“ (Би- блија; Битие, 2:17) Според Библијата, ова предупредување било дадено на Адам пред создавањето на неговата сопруга, Ева. Сепак, Куранот го коригира ова и споменува дека во времето на предупредувањето Ева веќе постоела и тоа предупредување се однесувало на двајцата. Сатаната постојано на- мамувајќи, (според Библијата) дошепнал на Ева дека доколку јадат од тоа дрво тие никогаш нема да умрат, што е спротивно на она што Бог претходно го предупредил Адам. Жената е таа (според Библијата) која била заведена и таа каснала од плодот и му го дала на Адам. „..и дека дрвото е пожелно поради знаењето, набра род од него и јаде, па му даде и на мажот свој, та и тој вкуси.“ (Библија; Битие, 3:6) Во Куранот, Бог не го става товарот на гревот на жената, туку таа ја дели тежината на гревот, зошто е јасно дека и двајцата биле заведени од Сатаната и дека двајцата се подеднакво одговорни за тоа. „Но, шејтанот ги намами да сторат грев и ги изведе од местото каде што живееја! – ‘Слезете!’- им рековме Ние. ‘Едни на други ќе бидете непријатели до одреденото време! Земјата ќе биде ваше живеалиште и уживање некое време!’“ (Куран, Ел Бекаре, 36) И човекот рече: „…таа ми даде од дрвото, и јас јадев.“ – (Би- блија; Битие, 3:12) Овде Адам јасно ја обвинил жената, како таа да е виновникот, додека подоцна преку читањето на тоа поглавје ќе видиме дека таа го завела Адам, Адам ја послушал својата сопруга и под нејзино влијание го јадел овошје- то,59 наместо под влијание на Сатаната.

Куранот го коригира оваа и јасно укажува дека Сатаната ја довел во заблуда жената, но тој, исто така, го завел и мажот. Овој чин на Адам и Ева кои го јадат забранетиот плод е означен од страна на денешното христијанство како грев. Црквата вели дека поради овој грев сите луѓе се раѓаат грешни, носејќи го тој прародителски грев. Едно новороденче според денешното христијанството е родено со грев. Куранот вели дека по јадењето од забранетото дрво, Адам се покајал и Бог му простил, бидејќи Бог е Најмилостив и многу простува. Човекот по природа е склон да прави гревови, било мали или големи. Бог ја знае оваа природа на човекот, затоа што Тој е Создателот. Од друга страна, Бог е Милостив и Тој ќе му прости на човекот, ако тој искрено се покае. Да не правеа гревови луѓето, Бог немаше ни да ги создаде. Но, иако се раѓаат невини, Бог сака, кога ќе погрешат, луѓето да Му се покајат и да ветат дека тоа нема да го повторат. Бог тогаш ќе им прости на своите суштества и на Судниот ден тоа дело нема да биде против него. Лекцијата што Бог сакаше да му ја даде на целото човештво беше: Простување, наместо исконскиот грев. Исламот нè учи дека сите новороденчиња се родени безгрешни. Бог го создал човекот невин – човекот прави грев – човекот се свртува кон Бог за прошка – Бог му простува на човекот бидејќи Бог е Најмилостив. Од Адем и Ева потекнува целото човештво и сите ние сме деца на Адам и негови потомци. Синовите на Адам, Хабил и Кабил, се првите кои започнуваат со пролевање крв, односно Кабил, поведен од своите страсти, неправедно го убива својот брат Хабил. Адем, мир над него, и според Библијата и според Куранот, имал и трет син Шит или Сет кој исто така примил Објава. Адем и Шит живееле над 900 години.

0 views0 comments

Comments


bottom of page