Неоспорно е дека книгата претставува најдобар мост на науката и верата, а истовремено таа е и најкорисниот пратеник на преносот на цивилизацијата и културата. Случајно да не дојдеше до нас она што останало зад Грците и Римјаните, засигурно би се изгубило нивното големо и значајно научно и философско богатство. И денес откриваме нови извори на исласмката култура, ги пополнуваме со тоа недостатоците и ги задоволуваме потребите, бидејќи преведувањето е најдоброто средство за поврзување на една култура со друга. Арапите биле окупирани со него повеќе од три полни века. Преведувале од персиски, индиски, асирски и хебрејски, како и од латински и грчки јазик. Ги поврзале Атина и Александрија со Багдад од една, како што ги поврзале Џундејсабур и Хуран од друга страна. Со преведувањето биле преокупирани и самите Европејци повеќе од два полни века. За тоа време преведувале колку што можеле повеќе, од хебрејски и арапски јазик, како и од грчки, поврзувајќи ги така Багдад и Кордоба со Париз и Оксфорд. Ова преведувачко движење на Западот е слично на она во исламот, иако било во потесен домен и помалку разновидно. И двете преведувачки движења почнале со науката, а завршиле со философијата. Меѓутоа, ниеден од нив не бил баш многу заинтересиран за книжевноста, и едните и другите во почетокот се потпирале врз преведувачи странци, а потоа го преземале преведувањето во сопствени раце.
Нема сомнение во тоа дека исламската култура била баш таа која ги покренала Европејците на преведување, а тие на тој начин се запознале со еден голем дел на значјни исламски дела, посакувајќи да го продлабочат и прошират запознавањето и научното напојување. Се обиделе да го преведат Куранот уште во десеттиот век, а Константин Афирканецот веќе во единаесеттиот век превел некои медицински дела на начин кој е оценет како непотполн и лош. Вистинското преведување почнало дури во дванаесеттиот век кога и зело голем замав, станало организирано и концентрирано во посебни средини, бидејќи за тоа биле специјализирани одредени групи. Првите почетоци на ова преведување биле од арапски јазик. Ова преведување веднаш го свртело вниманието на грчките извори кои веќе одамна биле преведени на овој јазик. Поради тоа веднаш се согледало дека е нужно да се создаде цела една генерација на преведувачи која владее со странските јазици, па за таа цел се основани посебни институти за учење на арапскиот, грчкиот и хебрејскиот јазик. Така, во Толедо е основано училиште за учење на арапскиот и хебрејскиот јазик, кое го завршил и Рејмон Мартин Доминиканецот, кој бил во непосреден котанкт со Тома Авкински. Нешто малку подоцна Рејмон Лал успеал да воведе принцип за постоење на катедра за странски јазици на европските универзитети.
Толедо и Палермо биле двата најголеми центра за преведување во дванаесеттиот и тринаесеттиот век. Толедо без сомнение го зазема првото место во тој поглед. Во него биле собрани мошне голем и значаен број на арапски дела и тоа благодарејќи на посредството на Евреите и нивните големи врски од двете страни. Ако може уште да се земе предвид дека размената на ракописите во тоа време била мошне доходна и добра, тогаш мошне лесно може да се разбере и сфати едно вакво движење. Во тој поглед доста направил и Алфонсо Мудриот, кралот на Кастилија (1284), кој бил мошне голем поборник на науката и философијата, а сакал на тој начин да направи Кастилијанскиот јазик да стане еден од светските јазици. Освен тоа, во Толедо се наоѓаат и неколку големи преведувачи, организирани се групи за преведување, на чие чело стоеле рецензентите, критичарите и лекторите. Најпрвин се преведувало од арапски на латински јазик. Ова во голем степен не потсетува на Арапите кои во прво време најпрвин преведуале од грчки на асирски, а потоа од овој јазик веќе не било тешко да се преведува на арапски поради сродноста меѓу нив, од една страна, и постоењето на поголем број преведувачи, од друга страна, иако и порано меѓу Арапите имало преведувачи кои преведувале директно од грчки на арапски јазик.
Низ Толедо минале и мнозината европски преведувачи, некои од нив се настаниле и останале во него до крајот на животот. Можеме да го споменеме Ибрахим Давуд Исраили (1180), свештеникот Херман Германски (1272), а на нивно чело стоел Џераки Кремон (1107), Италијанец кого го привлекло преведувачкото работење. Отишол во Толедо и посебно му се посветил на преведувањето на научните дела, па така преведувал од медицината, хемијата, астрономијата, математиката и др. Покрај него се сретнуваме и со свештеникот Доминик Гонзалес (1150), кого го интересирала философијата, па нему треба да му се биде благодарен за пренесувањето на големиот број дела од исламската теологија во западниот свет. Тој не се задоволил само со преведувањето, туку и пишувал, а делата му се слични резимирани со прегледите на арапските оригинални студии. Сметаме дека немаме потреба да укажуваме дека преведувањето во дванаесеттиот век во Толедо се одвивало на дофат на Ибн Рушд кој во тоа време ги пишувал своите дела и го коментирал Аристотел во Севилија и Кордоба.
Во Палермо, главниот град на Сицилија, преведувачкото работење се одвивало интензивно, а се развило во тринаесеттиот век под покровителство на кралот Фредерик II, кој сакал да ја прошири грчката философија и исламските науки. Тој бил во мошне блиски односи со исламските владетели, успеал да собере огромен број арапски дела. Се смета дека дошол до сите Ибн Рушдови дела пред да помине една четвртина од векот од смртта на прочуениот исламскиот истражувач, нашол големи преведувачи меѓу кои во прв ред бил Михајло Скот (1235), легендарна преведувачка личност која била полна со динамика и подвижност, а на која & се припишуваат голем и значаен број на преводи.
Се забележува дека мошне добро знаел да го организира преведувачкото работење, им ја делел работата на поголем број ученици и асистенти, а потоа го следел нивното работење, вршејќи коректура на нивнтие преводи. На ваков и сличен начин во Палермо се преведени најдобрите дела на арапските научници на чие што чело секако се наоѓале делата на Ибн Рушд. Кралот строго водел сметка да ги подели своите преводи на европските универзитети од желба за ширењето на науката и побудата за сопствен престиж над папата.
Преведувачкото работење не е завршено во тринаесеттит век, туку е продолжено и во следните два века иако останало во повеќе индивидуален и конструктивен карактер. Природно е дека сите преведувачи не биле на исто ниво и разликите кои постоеле меѓу нивните преводи е резултат на степенот на познавањето на јазикот од кој и на кој преведувале. Роџер Бекон чество вршел компараиција, преферирирајќи еден превод над друг. Се знае дека бил во котнакт со многу луѓе кои го познавале арапскиот јазик, што му овозможило да донесе доста прецизни оценки за вредноста и квалитетот на преводот. Општо земајќи, латинското преведување било речиси буквално преведување, го следело склопот на арапската реченична конституција, што направило многу арапски изрази да влезат во научно-философскиот јазик, наспроти фактот што преведувачите често успевале да најдат соодветни термини. Ако би откриле недостатоци во некој превод, не се колебале повторно да го преведат истото дело, па затоа и се случувало некое дело да биде преведено повеќе пати во ист период. Сепак, и таквите преводи не биле без грешки, бидејќи често на авторот на делото му се припишувало и она што навистина не му припаѓа, а кое, од друга страна, ја искривувало оригиналноста и значењето. Било како било, латинските преводи ни ги сочувале и делата до чии арапски оригинали уште денес не сме дошле, па можат да ни помогнат при истражувањето и коментирањето на самиот ракопис кој порано е лошо пренесен, а посебно тогаш ако потекнува од поранешниот период иако е можеби дури и ракопис на самиот автор.
Арапско исламско лијание врз Европската ренесанса
Comentarios