top of page
Writer's pictureinfoislam

Преданието кое говори за настанувањето на машкиот или женски пол


Некои верски текстови говорат за начинот на настанување на машкиот или женски пол. Кај хадисот кој го бележи Муслим во својот сахих(742) кој е воедно доказ за настанување на полот на детето има чуствителни причини кои луѓето можат да ги препознаат и да ги користат. Спрема Севбан , радијалланху анху, се пренесува дека Божјиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, при посета од страна на еден еврејски рабин тој го запрашал за дете, па тој , саллаллаху алејхи ве селем,  одговорил:

‘Течноста кај мажите е бела, додека кај жените е жолта, доколку женската течност ја надмине машката детето ќе биде машко, но доколку преовлада женската течност ќе биде женско со волјата на Аллах. Вели овој Евреј: „Вистината си ја кажал, ти си навистина Божји Пратеник!“ Потоа се сврте и си замина. Тогаш Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Ме прашал за она што ме прашал, а јас немам знаење за тоа се додека Аллах не ми дојде со тоа(се мисли на објавата).’

Коментаторите на хадисот како наведува Ибн Хаџер во Фетхул Бари(11/270) имаат две мислења во поглед на зборот фе’ала(течност). Едното значење е дека таа течност преовладува, а второто мислење е дека таа пристигнува. Ова второ значење се негира од првиот дел на хадисот кој кој вели па веќе кога ќе се состанат течностите со што се негира првото мислење околу пристигањето. Тоа значи дека „преовладува“  е исправното значење. Со тоа овој хадис означува научно чудо бидејќи медицинските истражувања се потврдиле за што ќе стане збор во одредувањето на полот на детето, дека течноста кај мажот е базна, додека кај жената е од киселеста природа.

Па доколку во вагиналната средина преовлада базна течност тогаш таа го подржува движењето на сперматозоидите кои го носат машкиот пол(y- хромозомите) кои пристигаат побрзо до јајце клетката од сперматозоидите носители на женски пол(x-хромозом) бидејќи тие се спори и тешки за движење со што дететео станува машко. Но доколку во вагиналната средина преовлада киселеста течност, таа ги уништува сперматозоидите кои го носат машкиот пол, додека  посилните  и попостојани стигаат кај јајце клетката и ќе ја оплодат со што детето ќе биде женско. Ова научно втемелено толкување поврзано со овој хадис го потврдил и египетскиот научник и професор Саад Хафиз кој живее во Америка, кој е и основач е на науката за неплодност на мажите. Ова е уште една потврда дека Божјиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, „Не говори по свој наум, тоа е само објава која му се објавува.“( Куран; Ен Неџм, 2-3)

Баш тоа и го потврдил Пратеникот , саллаллаху алејхи ве селем,  на крајот на хадисот кога кажал: „Јас немам знаење за тоа се додека Аллах не ми објави.“

[youtube_sc url=”https://youtu.be/7KYzrCBta8I”]

Делче од текстот: „Избор на полот на детето“ – мр. Зијад Љакиќ

Pozivistine.com

0 views0 comments

Comments


bottom of page