Во Ахмедовото предание се пренесува предание од Ибн Абас кој кажал: „О Божји Пратенику! Кои се тие голи и боси и гладни чобани? Пратеникот а.с. одговорил„Арапи“.
Ова е еден од предзнаците на Судниот ден кој се појавил минатото и се проширил се додека луѓето масовно не започнале со градење на кули и нивно украсување.Ова се бива со причина што Аллах џ.ш. Земјата ја распострал и ја потчинил на верниците и го зголемил иметокот поради зголемениот број на териториите кои ги совладале. Не поминало многу време и многу од нив почнале да се ослонуваат само на овој минлив свет што е болест на минатите народи. Таа болест најповеќе се изразувала во големиот ометок и негово трошење на она што шеријатски не е оправдано. На селаните и на ним сличните од сиромашните, им се укажала прилика за овој порок, така штосо стекнување на голем имот почнале со изградба на големи градби и нивен натпревар со истите.
Во двата „сахиха“ се пренесува хадис од Ебу Хурејре р.а. дека Пратеникот а.с. одговорил на Џибрил(Гаврил) а.с. за неговото прашање за настапувањето на Судниот ден:„..кога сточари ќе се натпреваруваат во градење на кулите, тоа е предзнак на судниот ден.“
Во Муслимовиот сахих се додава:„кога ќе ги видиш голи и боси чобани како се натпреваруваат во градење на кули.“
Во Ахмедовото предание се пренесува предание од Ибн Абас кој кажал: „О Божји Пратенику! Кои се тие голи и боси и гладни чобани? Пратеникот а.с. одговорил„Арапи“.
Хафиз Ибн Хаџер вели: „Натпреварот во градење на куќи има за цел да секој оној кој ќе ја гради куќата таа биде поголема од неговиот комшија. Може да значи дека се сака предимство со китење и дотерување. Голем дел од ова е денес присатно и уште повеќе се шири.“
Ова денес навистина е многу позната работа помеѓу арапите и многу е раширена. Последно нешто што е направено е кулата која доминира во Џедда, Саудиска Арабија и кој е воедно највисок објект на светот со над 1000 метри височина.
Comments