Аллах џ.ш. Го пропишал селамот како знак на внимание на човечност и специфични врски помеѓу луѓето. Така помладиот му кажува селам на постариот, богатиот на сиромашниот, арап кон неарап, белецот на црнецот и обратно, значи селам се нарекува кон секој и кажува секој, дали ние го знаеле тој или не.
Аллаховиот Пратеник а.с. затоа кажал:
„Нема да влезете во џеннет(рајот) се додека не верувате, а нема да верувате се додека не се сакате меѓусебно; сакате ли да ве упатам на нешто кое ако го правите ќе се заскате?! Ширете го селамот помеѓу вас.“[1]
А од презнаците на Судниот ден е да се вика селам само на оние кои ги познаваме , а да не ги селамиме оние кои не ги познаваме иако суннет е да се нарекува селам на сите муслимани, без разлика дали го познавате или не.
Од Ебу Џада се пренесува дека реклол:„ Некој човек го сретнал Абдуллах, па му нарекол селам: „Есселаму алејкум О Ибн Месуде! А Ибн Месуд одвратил:
„Вистината ја кажал Аллах и Неговиот Пратеник, навистина го имам слушнато Аллаховиот Пратеник а.с. дека вели : „Навистина од предзнаците на Судниот Ден е човек да дојде и да помине покрај џамија, а да неклања (ниту) два реката и да не вика селам освен на оној кој го познава.“[2]
А во познатиот хадис во кој некој човек го запрашал Пратеникот а.с. кој ислам е најдобар, тој му одговорил:
„Да се дели храна , да се нарекува селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш.“[3]
„Крај на светот“
Comentarios