Луѓето ќе бидат на вистинскиот пат се додека го земаат знаењето и праксата од Пратениковите , саллаллаху алејхи ве селем, асхаби и учени луѓе, но кога знаењето ќе почне да доаѓа од неуки, чиви страсти, замисли и цели ќе се разединуваат, тогаш ќе бидете упропастени.
(Ет табери, Ибнул Мубарек во Ез Зухд – сахих)
Три се предзнаци на Судниот ден: првиот е да се бара знаење од неуки…(Ибнул Мубарек во Ез Зухд)
Преносителот на овој хадис, Абдуллах ел Мубарек кога бил запрашан за кого се однесува ова, тој кажал: Тоа се оние кои говорат по своите страсти и со незрели размислувања. Во друга прилика говорејќи за ова тој истакнал: Тоа се оние кои прифатиле знаење од неуки, т.е. од оние кои воведуваат и практикуваат новотарии во верата.(Седиќ,Мали предзнаци на Судниот ден, стр. 25)
Во претходниот хадис Аллаховиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, всушност дефинирал кој е учен. Тоа се оние ќе го црпат своето знаење на сигурни темели прифаќајќи ги доказите од асхабите и учените луѓе. Тие што се незналици, ќе го земаат знаењето од неуки и непроверени луѓе и на тој начин ќе се доведат себе си и останатите во заблуда.
Оттука исламските учени поставиле критериуми и стандарди според кои исклучително може да се превзема знаењето од претходниците. Тоа е посебно нагласено во хадисот и хадиската наука, за да не се случи евентуална инфлитрација на нешто што отскокнува од вистинското исламскознаење.
Тоа во хадиската наука се нарекува Сенед – низа на преносители на хадисот што е спецификум исклучително особен за следбениците на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, и тоа сосема децидно го дистанцира од другите народи. Само во исламот со оваа методологија може од денешните денови по автентичен пат да се дојде до самиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, до неговите зборови и дела. Оваа можност останатите народи воопшто ја немаат. Така на пример христијаните и евреите неможат да донесат автентичен синџир на преносители кој би ги довел до Муса(Мојсие) и Исаа(Исус), нека е Божји мир врз нив. Заради тоа неможе ни да постои автентичност на зборовите на било која религија денес во светот. Тоа е привилегија исклучително на Умметот на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, .
Очигледно дека ова би било случај и со следбениците на Божјиот Пратеник , саллаллаху алејхи ве селем, да Аллах , џелле шануху, не ги инспирирал првите генерации на муслимани да поведат грижа за изворот на оваа вера.
Така Мухаммед б. Сирин познат учењак од генерацијата на табиините јасно потцртува: Хадисот е вера, па добро проверете од кого вашата вера ја земате.(Муслим)
Абдуллах б. Мубарек синџирот на преносители го дефинирал на овој начин: Синџирот е дел од вера, да го нема сенедот, тогаш секој би кажувал што сака, она што сака.(Муслим во својот Сахих)
Суфијан ес Севри, апострофирајќи ја важноста на сенедот, констатирал: Сенедот е оружје на еден верник! По што запрашал: Па ако нема оружје, како и со што ќе се бори?(Ебу Гудде, Ел Иснаду минел дин, стр. 19)
Ибн Мубарек исто така кажал: Пример на оној кој ја изучува верата без сенед е како оној кој се качува на кров без скалила. (Пренесуваат Ел Хатиб ел Багдади и Абдулфетах Ебу Гудде)
Интересна констатација за ова имал и имам Шафија , радијалланху анху: Примерот за оној кој бара хадис без сенед е како пример на личност која ноќе собира дрва незнаејќи дека во тоа купче може да се наоѓа змија.( Ез Зеркани, Ебу гудде)
Шуббе ел Хаџаџ тврди: Ниеден хадис нема вредност, ниту може да се ослони човек на него, доколку во неговиот сенед нема „хадесена“/ „ни кажуваше“ и „ахберена“/ „не извести“!(Ибнул Ессир и Ебу Гуде)
И баш на темели на ваквата свест, ќе се изгреди критериум кој нема да дозволи инфлитрација на било каква несигурност, сомнеж или фалсификат во хадис и хадиската наука.
Ако го анализираме односот на првите генерации на муслимани, ќе забележиме дека тие во својата желба за учење на хадисот или на негова проверка јасно дале до знаење дека до крај биле свесни за изворот кој го следат и неговата вредност.
Оттука познатиот хафиз(помни напамет илјадници хадиси) на хадис, Ебу Хатим ер Рази, констатира: Ниту во еден народ откако Аллах го создал Адем а.с., немало толку поверливи повереници кои го паметеле знаењето и учењето на своите пратеници, како што тоа било во Умметот на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, . Некој човек го запрашал Ебу Хатим: дали е можно некогаш да пренесуваат хадис кој не е втемелен и кој не е автентичен? На тоа тој му одговорил: Затоа исламските учени ги познаваат и разликуваат автентичните од лажни хадиси и прецизните критериуми ги дефиниаат и едните и другите, како би можеле подоцна генерациите децидно да ги препознаат исправните преданија и да ги учат.
Значи, сенедот бил клучен фактор кој прецизно ги раздвоил слабите или лажни преданија од оригиналните и автентичните. Претходните народи за жал немале вака прецизни критериуми за да се раздвои вистината од лагата, па имаме да се инфлитрира нешто дури и во Божјата објава, како што убаво забележал Мухаммед б. Хатим кога истакнува: Аллах навистина ги одликувал следбениците на Мухаммед , саллаллаху алејхи ве селем, што не бил случај со ниеден народ, ниту порано ниту во денешно време. Тие имале објави во своите раце, но чесните ајети ги измешале со своите вести и претпоставки, а при тоа немале механизам како би го дистанцирале Аллаховиот говор од човечките зборови, бидејќи прифаќале изјави од луѓе чиви преданија не биле проверени, ниту доаѓале од луѓе кои биле препознатливи по вистиниљубието, искреност и прецизност каков бил случајот кај муслиманите. За среќа, исламскиот Уммет имал у секоја генерација прекрасни големци кои продолжиле да ги градат светлите патеки кои ги трасирале првите генерации муслимани. Со право нив Језид б. Зуреј ги нарекува витези и јунаци. Тој вели: секоја вера има свои витези а витези на оваа вера се преносителите на хадисите!
Ебу Ханифе, Малик, Шафија, Ахмед ибн Ханбел, Бухарија, Муслим, Тирмизи, Ебу давуд, Несаи и другите само се претставници на еден огромен број учени кои со својата предаденост кон оваа наука воспоставиле така прецизни критериуми кои ќе оневозможат секој обид на уфрлање на фалсификат во оваа наука, а притоа да небидат откриени. Секој од нив уште во својата младост патувал од место на место, слушајќи бројни учители и апсорбирајќи го знаењето кое подоцна ќе го пренесат на генерациите кои доаѓаат. Така на пример се наведува фасцинантен податок дека Имам ебу Ханифа, патувајќи во потрага за хадис и други исламски дисциплини, учел пред 4000 учители!!! (Др. Мухаммед еш Шека, Ел Иснед минедин стр. 22)
Опсесијата на Имам Шафија со хадис, Куран и фикх, била препознатлива работа и низ бројни стихови по што била препознатлива. Така на едно место вели:
Секое знаење освен Куран, хадис и фикх во верата,
Најобичное е губење на времето и силата,
Ако знаењето од хадесен не се превземеа и не се мери
Тогаш тоа знаење е обично дошепнување на шејтанот. (Пренесува Ибн Кесир, ел Бидаје веннихаје)
Оттука Кутејбе истакнува: Да не бил Ахмед, многу од тоа би било придодаено на верата! Тој е имам на целото човештво!(Ез Зехеби)
А денес има такви стручњаци во нашиот Уммет кои го афирмираат изворното исламско знаење, но постојат и многумина исламски интелектуалци, оние кои го помешале оригиналното знаење со своите визии и претпоставки и кои не направиле јасна разлика помеѓу медот и отровот. Овој хадис всушност ги опфатил оние кои воопшто не го познаваат исламот и исламските дисциплини, но и оние кои ги мешаат универзалните вистини и вредности со човечките расипани желби и претпоставки.
Тоа е бидејќи верата доаѓа од Аллах, а неизбежните извори на верата мора да останат непогрешиви: Куранот и автентичниот суннет(Пракса на Божјиот Пратеник, саллаллаху алејхи ве селем)
Од книгата Smak Svijeta, evo dolazi!
Автор Шефик Курдиќ
Comentários