top of page
Writer's pictureinfoislam

Предзнак на Судниот ден: Раширеност на каматата

Од предзнаците на Судниот ден секако спаѓа раширеноста на каматата помеѓу луѓето.

Дошло време кога луѓето не водат сметка дали тоа што го земаат и снабдуваат е халал или харам. Во хадисот на Ибн Месуд р.а., се пренесува дека Пратеникот саллаллаху алејхи ве селем, кажал: „Пред самиот Суден ден ќе се рашири каматата.“(Таберани)

Во „Сахихот“ од Ебу хурејре р.а., се пренесува дека Аллаховиот Пратеник саллаллаху алејхи ве селем, кажал:

Ќе дојде време кога на човек нема да биде битно откаде и како ја стекнува заработката, дали е на дозволен или недозволен начин.“(Бухари)

Овој хадис се однесува на голем број на муслиманите денес, гледаме дека главна преокупација им е како да се заработи. Битно им е да имаат доста средства и пари, а воопшто не им е битно дали е на халал или харам начин. Ова најповеќе се гледа во присаство на каматата во меѓусебните бизниси. Бројот на банки кои работат со камата е се поголем, како и бројот на корисници кој е се поголем.

Од голема проницливост на имам Бухарија е дека овој хадис од Ебу хурејре р.а. кој се наведува и преку ајетот на Возвишениот : „О, верници, не јадете ја каматата, двократно и повеќекратно зголемена, и плашете се од Аллах за да бидете спасени!“

Во кој се објаснува дека јадењето на „дуплите“ заработки спаѓа во камата, што повеќе се шири помеѓу луѓето, и се заборава правата цел на стекнување на иметокот.

„Предзнаци на Судниот ден“ Јусуф б. Абдуллах

0 views0 comments

Comments


bottom of page