Кон студиите на научниците на Универзитетот Калифорнија и НАСА-е, кои неодамна ја објавија „Њујорк Тајмс“, реките Тигар и Еуфрат почнале да пресушуваат.
Истражувач од универзитетот Калифорнија Јаи Фамиглети кажал: „Околу 60% губиток на водата настанало поради пумпање на водата од подземните резервоари.
Востановивме во текот на седум години истражување дека делови од Турција, Сирија, Ирак и Иран, околу реките Тигра и Еифрат, изгубиле 144 кубни километри свежа вода која се наоѓала во подземните резервоари. “
„Брзината на губиток на водата е посебно интензивирана после сушата од 2007 година. Во меѓувреме потрагата за свежа вода и понатаму е во пораст“-кажал тој.
Истражувачите исто така предвиделе дека реките уште повеќе ќе пресушат во текот на следната сушна сезона.
Ако се вистинити тврдењата на научниците тогаш предскажувањата би можеле да се остварат во блиска иднина.
„Нема да настапи Судниот ден се додека реката Еуфрат не се повлече и со себе остави брдо од злато поради кое луѓето ќе се борат. Од сите стотини ќе бидат убиени деведесет и девет луѓе, а секој човек тогаш ќе зборува: ‘Да ми е да бидам оној кој ќе остане жив.
Во еден друг хадис Ресуллуллуах рекол дека пресушувањето на реката Еуфрат е еден од предзнаците на Судниот ден.
Од Ебу Се’ идаел-Худри, се пренесува дека Пратеникот рекол:
„На припадниците на мојот уммет пред крајот на дуњалукот ќе им се спушти голема несреќа. Со нив ќе владеат злобни владетели кои до сега не се појавиле и за кои никогаш до сега не се слушнало. Земјата ќе им биде тесна и ќе биде преплавена со неправда и насилство. Верникот нема да може да најде засолниште во кое би се засолнило од насилство. Во тоа време Аллах ќе прати човекот од моето семејство и земјата ќе ја исполни со правда, како што пред тоа била исполнета со насилство и неправда. Ќе биде задоволен и жител на небесата и жител на Земјата. Ќе никне се што ќе биде посадено во земја.“
Commentaires