top of page
Writer's pictureinfoislam

Предзнак на Судниот ден-Следење на обичаите на минатите народите

Од голем фитнет(неред) за овој наш уммет(народ) е секако следењето на традициите на евреите , христијаните и атеистите. Некои од муслиманите ќе се поистеветуваат со нив.

Ќе ги земат нивните норми и правила на однесување и ќе бидат фасцинирани со нив, што е само потврда на вистинските зборови ма Пратеникот а.с. во хадисот кој го пренесува Ебу Хурејре р.а. кој вели: „Нема да настапи Судниот ден се додека моите следбеници не почнат да ги земат правилата на однесување на минатите народи и тоа педа по педа, подлактица по подлактица.“ Ќе биде кажано, кои се тие Божји Пратенику?


Фарис и Рум? Пратеникот а.с. одговорил: „Па кои други ако не тие.“(Бухарија) Во преданието од Ебу Сеид се вели: Кажавме: О Божји Пратенику ! Евреите и христијаните? Пратеникот а.с. одговорил: „Па кој друг ако не тие.“(Бухарија) Ибн Бетал(Ел Куртуби) вели: „Знаел Пратеникот а.с. дека неговиот уммет ќе следи новотарии, како што ги правеле и народите пред нив. Во многу хадиси предупредувал на лош и погубен завршеток бидејќи нема да настапи Судниот ден освен за најлошиот народ, додека верата ќе остане постојана само кај поедини луѓе.“Фетхул Бари) Ибн Хаџер вели:„Повеќето работи на кои што предупредил Пратеникот а.с. веќе се случиле и се појавиле, како што ќе се случи и остатокот од она што не предупредил Пратеникот а.с.“

Во ова време сме сведоци како муслиманите од истокот и западот се поситоветуваат со неверниците. Нашите луѓе се споредуваат со нивните луѓе, нашите жени се поистеветуваат со нивните жени. Сите овие биваат искушувани до таа мерка да го напуштат и на крај да излезат од исламот. Тие се убедени дека нема да достигнат напредок било цивилизациски, било економски, освен со отфрлање и оддалечување од Аллаховата книга, Праксата на Пратеникот а.с. и сите оние кои правилно ја разбираат верата Ислам. Запознаени сме што се случило со генерациите на муслимани кои постепено се оддалечувале од исламот или имале погрешно разбирање за верата. Таквата состојба ги довела да од исламот им останало само име. Го напуштиле шеријатот и го замениле со други измислени закони. Не постои ништо појасно од зборовите на Пратеникот а.с. кој кажал: „Педа по педа, лакт по лакт, толку слепо би ги следеле, да кога тие би влегле и во дупка од гуштер и тие би тргнале по нив следејќи ги.“

Невеви вели: „Со педата, лактот и дупката од гуштер сака да се даде пример на жестоко и слепо поистоветување на муслиманите со неверниците. Тоа поистеветување се гледа во грешење и искривување, а не како директно неверство. Ова е јасно и видливо чудо на Аллаховиот Пратеник а.с. бидејќи се случило она на што не предупредил Пратеникот а.с.“(Сахих Муслим-Невеви) Сите овие нереди се видливи и овие денови кога гледаме како многубројни муслимани ги украсуваат своите куќи и дворови , како и своите домови во некаква си „новогодишна атмосфера“ потполно прифаќајќи ги таканаречените „универзални“ вредности кои доброволно го оддалечуваат од јасните Курански и хадиски прописи. Секој муслиман кој го знае овој пропис и ова зло треба да направи се што е во негова моќ да ги предупреди луѓето и да се оддалечи од ова зло. Да се откаже од нивните празници, да се оддалечи од нивните прослави и да својот ибадет и своето радување и својата љубов Му ги поклони на Семоќниот, на Оној кој Ги знае сите мисли и Оној кој ги смирува срцата кои бараат Утеха само во Него.

„Предзнаци на Судниот ден“

0 views0 comments

Comentarios


bottom of page