top of page
Writer's pictureinfoislam

Предзнаци на Судниот ден

Возвишениот Аллах го испратил Мухаммед а.с. со вистина и како радосна вест и опомена на луѓето пред настапување на Крајот на светот.

  1. О, луѓе, плашете се од Господарот свој! Навистина, кога Крајот насветот ќе настапи, потресот ќе биде големо случување!

  2. На Денот кога ќе го видите вие, секоја доилка тоа што го дои ќе го заборави, а секоја трудница својот плод ќе го изгуби и ти ќе ги видиш луѓето пијани, а тие нема да бидат пијани, туку Аллаховта казна ќе биде жестока!(Ел Хаџ)

-Зарем тие чекаат Крајот на светот ненадејно да им дојде, а веќе дошле предзнаците негови? А што ќе им користи нивната опомена кога тој ќе им дојде? (18, Мухаммед)

 Не оставил ниедно добро дело а да не го упатил својот уммет(народ) да го извршува; а ниту било кое лошо дело, а да не го упозорил својот уммет на него. Бидејќи ние муслиманите сме последен уммет,а Мухаммед а.с. е последен Пратеник, Возвишениот Аллах го одликувал овој уммет со предзнаците за настапувањето на Судниот ден, кои ќе се случат на оваа заедница. После Мухаммеда.с. не постојат пратеници кои би им ги објасниле на луѓето овие предзнаци и за тоа што ќе се случисамиот крај на овој свет , навестувајќи ја неговата пропаст и почеток на новиот живот.

  1. Тој Ден луѓето одделно ќе се појават за делата

нивни да им се покажат;

  1. тој што дури и трошка добро ќе стори – ќе го

види,

  1. и тој што дури и трошка зло ќе стори – ќе го

види!

(Куран,Ел Зилзал)

Judgment-Day

Поради големата завземеност на денешниот човек со овој свет, често се случува тој да заборави потполно или делумно на Крајот на светот и полагањето на сметките. Причината за тоа е слабата подготовка на истиот со работење на добри дела. Но Возвишениот Аллах сакал да не потсети на скорото доаѓање на Крајот на светоти да ни укаже на вистинитоста со појавувањето на неговите предзнаци.

Кога би го спомнувал Судниот ден Пратениковото благословено лице би поцрвенело, гласот би му се зголемил, неговата срдост би се зголемила, а неговите другари-асхабите би се уплашиле помислувајќи дека Судниот ден само што не настапил.

Некои од имињата на Судниот ден:

-Час на оживувањето

-Ден на оживувањето

-Судниот ден

-Ден на тагата

-Оној свет

-Ден кога еден друг ќе довикува

-Вечна куќа

-Ден на страшниот суд

-Ден на собирањето

-Денот на полагањето на сметките

-Ветениот ден

-Денот со кој ви се заканува

-Денот вечен

-Денот на оживувањето

-Настан

-Час неизбежен

-најголема несреќа

-гласот кој заглушува

-смак на светот

Ова се само некои од имињата со кои се укажува на битноста на оваа тема со која толку често се бави и самиот Куран и укажува на нешто големо за нас, нешто што секако треба да не загрижи и замисли и натера да размислуваме за Овој Ден кој сите нас не очекува.

Самото знаење за настапувањето на судниот ден преставува гајб или нешто скриено од нас. Кога ќе настапи Судниот ден Го знае само Аллах. За Тој час не го известил никого, ниту ангелите, а ниту своите пратеници.

-Те прашуваат за Крајот на светот: „Кога ќе сеслучи?“ Кажи: „Тоа го знае само Господарот мој, Тој во неговото време ќе го открие, а тежок

ќе им биде на небесата и на Земјата, сосема неочекувано ќе ви дојде.“ Те прашуваат како да знаеш нешто за тоа. Кажи: „Тоа само Аллах го

знае, но повеќето луѓе тоа не го знаат.“ (Ал Араф,187)

Постојат мал, среден и голем Суден ден

Малиот суден ден настапува со смрт на еден човек и завршетокот на неговиот живот.

Средниот суден ден тоа е смрт на една генерација, на што укажува и хадисот на Аиша р.а.

Големиот суден ден: тоа е проживувањето на луѓето од гробовите поради полагањето на сметките. Во Куранот се спомнати две врсти на Судниот ден, мал и голем.

Предзнаците на Судниот ден се делат на големи и мали.

Малите предзнаци на судниот ден настануваат во еден подолг периоди тие или настапиле или се очекува нивно настапување. Пример за мали предзнаци се: градење на високи градби, исчезнување на знаењето, раширеност на блудот, каматата, алкохолот, како и многубројни убиства, појава на многубоштво кајследбениците на исламот, барање на знаење кај помлади личности, нарекување на поздрав на само оние што ги знаеме, многубројно пишување на книги и друго.

Големите предзнаци на Судниот ден се например појавата на Деџал (Антихрист), спуштањето на Иса(Исус)а.с, Јеџуџ и Меџуџ (Гог и магог), појавата на Сонцето од Запад и сл.

Постојат голем број на мали предзнаци на Судниот ден, Повеќето или скоро сите од нив се остварени. Сите биле претскажани од Пратеникот Мухаммед а.с..

0 views0 comments

Comments


bottom of page