top of page
Writer's pictureinfoislam

Предизвик со кој мора да се соочат муслиманите за време на Пандемијата

Пред да започнеме со некои детали, првин би сакале да предупредиме:

– Пандемиите се дел од животот, ова е нешто за што Семоќниот нè информира и нè предупредува, така што кога сме погодени, се потсетуваме дека Бог ги контролира сите наши работи и дека не е се во наши раце. После завршувањето на ситуацијата, ако резултатот биде позитивен и добар, човекот треба да му заблагодари на Семоќниот. Ако настанот имал негативен исход, личноста е трпелива затоа што знае дека и за тоа ќе има награда на другиот свет.

Од пред неколку месеци за прв пат слушнавме за коронавирусот кој се ширeше првин во Кина а потоа и во голем број земји, кој сеуште влијае на животите на многу луѓе, предизвикувајќи смрт на илјадници. Секојдневно во Македонија има над 100 заразени кои се познати и голем број непознати заразени и повеќе смрттни случаеви, но и оздравени со бројни последици по нивното здравје.

Но колкав и да е бројот на заразени или оздравени од ова респираторно заболување наречено ковид 19, постојат голем број на размислувања кои треба да ги има на ум еден верник. Најголем проблем кој го воочуваме во местата каде што живеат муслиманите се недостиг на дисциплина, непочитување на препорачаните мерки на заштита и одржување на потребната социјална дистанца. Претпоставувам дека повеќемесечно влијание на пандемијата ги изморило луѓето и од страв за нивните работни места и егзистенција, победило чувството кое за нив им изгледа пологично и поблиско. Победил стравот за нивниот лагоден и непроменлив начин на живот, победила нивната замисла како да се живее и работи непречено и да заборави на негативните мисли. При тоа, многу од нив ги заборавиле обврските кон нивните блиски, кон немоќните, болните, старите и тие за кои што мора најмногу да се грижат, а тоа се нивните деца и нивните родители. Се поставува прашњето, дали победил разумот и доказот? Дали победила објективната состојба и тоа на што еден верник треба да внимава?

Доколку како верници се повикуваме на Исламот, очигледно би требало да погледнеме како Пратеникот Мухаммед а.с. заедно со првите следбеници се однесувал во време на пандемија.

Тоа е најлесен и најбрз начин да се воспостави доказ врз сите оние кои се повикуваат на своите суети и на свои мислења. Во многу наврати, пратеникот Мухамед ги советувал своите придружници да ја ценат вредноста на животот повеќе од смртта во неговите бројни изреки (хадиси), и ги повикал луѓето да се држат настрана од местата каде имало епидемии(пандемии). Кога бил во Медина и требаше да склучи договор со една од делегациите, тој одби да се ракува со еден од луѓето [од делегацијата], кој имаше заразна болест, испраќајќи го назад [од каде дошол].

Пандемиите како сите болести влијаеле со векови наназад, но го издвојуваме примерот на исламот како уникатен заради неговата местоположба и бројните хигиенски мерки кои се преземале. Додека во средновековна Европа капењето беше луксуз и поединец беше среќен да се избања неколку пати годишно, муслиманот имаше обврска да се бања најмалку еднаш неделно според упатсвата на Пратеникот и дури неколку пати дневно да ги мие нозете, рацете до лактовите, како и комплетно миење на лицето и на забите со четка наречена мисвак. Тука влегуваше миење на ушите и поминување на косата со вода. Ставање парфем и заштита на мажите со бричење на срамните влакна на телото не дозволуваше ширење на вошки и други паразити. Сето тоа муслиманите ги правеше повеќе подготвени за соочување во период на епидемии, но сепак не беа оправдани од Пратеникот, осносно и за нив се применуваа мерки на самоизолација и почитување на карантинот.

Преземање на неопходни мерки на заштита

Еден ден пратеникот Мухамед (а.с.), забележа бедуин што ја остава својата камила без да ја врзе. Тој го прашал Бедуинот: ‘Зошто не ја врзуваш камилата?“ Едноставно е, Врзи ја камилата, па клањај. Во превод, тоа би значело, преземи ги потребните мерки на заштита и потоа работи, дејствувај според препорачаните мерки од здраствените работници и научници кои вложиле труд во својот живот за да нам ни го пренесат своето знаење.

Од исламската историја откриваме дека во инцидентот на Халифа Умар ибн ал-Хатаб дека преземањето на неопходни мерки на претпазливост е задолжително кога знаете за штетата или потенцијална опасност. За време на неговото владеење, Умар ибн ал-Хатаб патувал со група придружници. Тие се приближиле до градот во кој се вели дека има заразна болест. Умар ја запрашал својата група дали треба да продолжат или да се вратат (во Медина). Мнозинството придружници рекоа дека треба да се вратат назад, но некои рекоа дека треба да продолжат. Тогаш еден придружник рече дека знаел предание каде Пратеникот (а.с.) кажал: „Ако слушнете дека заразна болест постои во некоја земја, не патувајте во таа земја“. Затоа, Умар одлучил дека треба да се вратат назад. Друг негов придружник го прашал Умар дали бега од кадарот(одредбата). Умар одговорил дека тие се оддалечуваат од една одредба кон друга одредба. Со тоа бил побиен фактот на тие кои што и во тоа време се повикувале на одредбата и тврделе дека ќе ги снајде само тоа што им е пишано!

И покрај мерките на Умар, епидемијата сепак уби многу луѓе. Чумата во тоа време доведе до смрт на скоро 25.000 муслимани.

Многу од здравствените упатства дадени од Министерството за Здравство се всушност нормални секојдневни практики за муслиманите, од кои некои се следниве:

-1. Миење на рацете: ова е дел од абдест, муслимански дневен ритуал на чистење со вода. Исто така и наредба од Пратеникот а.с. да се мијат рацете пред и по јадење, како и по вршење нужда и пред спиење, каде јасно предупредил да не се легне со мрсни раце. Во преданието кое го пренесува Ебу Хурејре р.а., се предупредува:„Koј ќе заспие со измрсени раце од храната, неизмиени, па ако нешто му се случи, никого нека не го прекорува освен самиот себеси!“ Нечистите, со микроби заразени раце имаат клучно значење во пренесувањето на причинителите на цревните, респираторните и кожните заразни болести и вируси.

2. Општа чистота: Пратеникот (а.с.) кажал: „Чистотата е дел од верата“. Одржувањето на чистата околина, чистење на простории, бришење и дезинфекција на површините се сите аспекти на чистотата што мора да се почитува во овие ситуации. Тоа го потврдува и Куранскиот ајет:„Се што е на земјата како украс го создадовме, за да видиме кој од луѓето подобро ќе постапува!“(Кехф, 7) Имаме голем долг кон еколошките мерки кои треба да ги преземеме за чиста средина. Ова особено важи за муслиманските средини кои се валкани, нечисти, полни со депонии, а со тоа се овозможува ширење на разни болести.

3. Покривање на устата при кивање; Пратеникот а.с. наредил да се покрие устата кога се кива. Оваа основна етикета може да учествува во запирањето на ширењето на вируси. „Секогаш кога Пратеникот киваше, ја покриваше устата со раката или парче ткаенина“. Парче ткаенина би било во овој случај пример за носење на маска. Тоа е особено важно за тие што се заразени со Ковид 19.

  1. Карантин во време на вируси што можат да се шират; Пратеникот дал упатства за тоа што да се прави ако има епидемија. Абдд-Рахман ибн Авф кажал: „Слушнав дека Пратеникот а.с. кажал:„ Ако чуете дека (чумата) е во некој земја, не оди таму и ако избувне во земја каде што се наоѓаш, не ја напуштај, остани во неа“. Тука се поставува прашањето со одење на собири или места кои се потенцијални места на зараза. Меѓу нив би ги броиле сите поголеми собирни места како што се училиштата, автобусите, трговските центри, салите за свадба, дискотеките, верските објекти и слично, особено оние во кои не може да се почитува мерка на целовремено носење на маска. Ова особено го знаеме што подолгото престојување во иста просторија со заболени дозволува пренесување на вирусот.

Пандемијата со коронавирусот може да потрае уште долго време. СЗО, повикувајќи се на минатите искуства тврди дека вирусот ќе биде присутен уште најмалку две години. Верниците треба да се вратат на својата основа и да ги погледнат насоките кои ги добиле од зачетникот на Исламот и неговите упатствија. Сигурен сум дека многу ќе научат и со тоа ќе придонесат во глобалното созревање за опасноста која е предизвикана од недоговорните поединци и групи кои мислиејќи дека си помагаат на себе и на својата вера, наштетиле на нив и на нивните најблиски.

На крај во оваа општа психоза на загриженост најбитно е да покрај мерките кои ќе се преземат од наша страна или страна на одговорните, да не се изгуби човечноста и нетолерантноста на различното мислење. Секогаш да се остане позитивен и да се има оптимистички поглед на работите без оглед на состојбата во која се наоѓате.

0 views0 comments

ความคิดเห็น


bottom of page