Ви го проследуваме интегралното известување од Фејсбук страницата на Активна Исламска омладина Лабуништа за една несекојдневна појава:
Бисмиллахир Рахманир Рахим, Ел хамдулиллах вес-салати вес-селаму ала Ресулиллах, ве ба’д,
Драги браќа, чувствуваме потреба и одговорност да предупредиме на секоја негативна аномалија во полето на исламското д’аве, (мисионерство), а тоа е следново: ПОЈАВА НА АХМЕДИСКАТА-КАДИЈАНИСКА СЕКТА ВО МАКЕДОНИЈА..
Оваа заблудена секта која има и своја официјална Веб-страница на македонски јазик: http://alislam.mk/ веќе почна да делува и да се шири особено меѓу неупатените муслимани. Затоа, ги предупредуваме сите искрени верници да не наседнуваат на оваа секта и нејзиното учење кое е отпадничко според консензусот на исламската улема на Ехлу Сунне, и секој кој може да придонесе со превод на некоја тема или фетва за оваа заблудена секта, нека го направи веднаш тоа и нека ја пласира и сподели јавно, за да не дозволиме да се шири овој империјалистички вирус и да го зарази нашето муслиманско ткиво!!!
Споделете во името на Аллах, нека оваа опоменување стигне до секој искрен верник! ………………………………………………………………
Инаку сектата Ахмедии се врзува со личноста на Мирза Гулам Ахмед роден во местото Кадијан, па заради тоа овеа движење во однос на неговото место на раѓање се нарекува Кадијании. А во однос на неговиот основач Ахмед се нарекуваат Ахмедии.
Оваа секта настанала на тлото на индискиот подконтинент во времето на слабеење и распад на исламската држава која била под управа на Османлиите. А тоа е и време на наезда на Англичаните и колонизација на исламскиот свет.
Идеата за основање на оваа секта потекнала од Лондон кога се состанале идејните лидери на англискиот колонијализам да ја согледаат можноста за окупирање на исламски територии.
Биле свесни за моќта на исламот. А главната моќ била во единството на неговите следбеници.Истражувале фактори да го разбијат муслиманското единство.
Донесле заклучок да се формира секта која со својата надворешност и јавните прогласи ќе биде декларисана како муслиманска аво суштина да биде антиисламска.Донесени бие заклучоци и изработени планови.Посебни експедиции на професионалн стручни луѓе, се упатувале на простори кои биле зацртани да се окупираат и колонизираат.
Comments