Некои животни Аллах ги создал како знак на Земјата за големина на Неговото создавање и тие ја променуваат својата боја и форма.
Според самата околина во која што живеат, вода, планина, река, дрво и друго, тие видови на животни прават одредени промени на своето тело, со цел успешно да се сокријат од непријателите и грабливците кои демнат околу нив.
Совршената камуфлажа која ја прават некои животни, на момент ќе ве натера да се запрашате дали на фотографиите кои ќе ги видите во статијата воопшто има некое животно, или на нив има само листови и дрва? Секој наш обид преку кој се обидуваме да разбереме како функционира и по кои принципи се раководи природата со која Управува Семоќниот Аллах, останува енигма. Живиот свет и создаденото беспрекорно си ја извршуваат својата функција, заштитувајќи ги видовите на животни на кои им е потребна таа заштита, како од останатите животни, така и од љубопитноста на човекот.
Comentarios